Црна хроника
Се шири истрагата за силуваното дете од дом во Скопје, притвор за уште двајца
Надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција донесе наредба за спроведување истражна постапка за уште две лица македонски државјани инволвирани во предметот со случајот на штитеничката од ЈУ Завод за згрижување на деца со воспитно-социјални проблеми и нарушено поведение – Скопје. Тие се осомничени за трговија со дете за што е предвидена казна затвор од најмалку 12 години.
Осомничените иако знаеле дека детето е жртва на трговија со луѓе биле корисници на сексуални услуги и друг вид екплоатација од малолетното лице. Судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 – Скопје на осомничените лица им одреди мерка притвор во траење од 30 дена.
Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, следејќи ги написите во врска со овој случај отвори предмет по допрен глас. По спроведени предистражни дејствија, надлежниот јавен обвинител во февруари донесе наредба за спроведување истрага против едно лице за трговија со дете. На предлог на јавниот обвинител со одлука на судот на осомничената ѝ беше определен притвор кој се продолжува во континуитет согласно со постојаното прибирање на доказниот материјал за расветлување на настанот.
Осомничената од декември 2017 година до 6 февруари годинава, со сила, измама и присилба, а воедно искористувајќи ја детската немоќ, го подвела оштетеното дете на вршење полови дејствија со полнолетни мажи во повеќе градови низ земјава. Осомничената го превезувала детето, го продавала, го нудела на продавање заради експлоатација по пат на користење сексуални активности за паричен надоместок, го присилувала на принудна работа и слугување и организирала и присилен брак што не се реализирал.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне нестабилно време со пороен дожд и грмежи
Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне наместа, особено во северните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за краткотрајно невреме со силен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14, а максималната ќе достигне од 24 до 29 степени.
Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 27 степени.
Во следните денови ќе се задржи топло време, но во попладневните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има услови процесите да бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме, со силен ветер, интензивен пороен дожд и изолирана појава на град.
Црна хроника
Затвореници претепале друг осуденик во затворот Идризово
Вчера во 10.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Казнено – поправната установа Затвор Идризово, осуденикот А.Б.(35) од Скопје бил физички нападнат од осудениците З.Р. и К.Л..
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец претепан од својот внук
Вчера во 22.45 часот во СВР Скопје, 49 – годишен жител на скопско село пријавил дека околу 22.00 часот во неговиот дом, по претходна расправија, бил физички нападнат од неговиот малолетен внук од Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.