Црна хроника
Исчезнато 12-годишно девојче, трагата му се губи по првиот училиштен час каде и последен пат била видена
Исчезнато е 12-годишно девојче од скопската населба Гази Баба. Таткото на девојчето, Енгин во изјава за „Макфакс“ вели дека неговата ќерка Аниса Ајро последен пат била видена вчера утрото на паузата во училишниот ходник.
Тоа на таткото му го раскажала нејзина другарка која последен пат ја видела на тоа место. Оттогаш на девојката и се губи секаква трага раскажува таткото.
Мобилниот телефон кој што го поседувала девојката од време на време се вклучува а потоа според зборовите на таткото пак се исклучува.
„Таа е мирна и тивка, не сме се расправале. Од дома ја учиме и и укажуваме на сите опасности со кои може да се соочи“, раскажува Енгин.
Отфрла можност дека во прашање е момче со кое би можела да биде.
Изјави дека случајот е пријавен во полиција од каде очекуваат информации а дотогаш како што објаснува секоја информација би му била добредојдена.
Тој и самиот упатува повик преку медиумите и на социјалните мрежи секој кој поседува некоја информација да го контактира на телефонскиот број +389 72232 983.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Дете нападнато од врсници во Карпош, едниот снимал со телефон
Вчера во 18:30 часот во СВР Скопје, Ј.Ц.А. (45) од Скопје пријавила дека околу 14:45 часот на подрачјето на Карпош, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од двајца малолетници кои ги познавале, информираат од МВР.
Според пријавата, едниот од напаѓачите го снимал настанот со мобилен телефон.
Од полицијата соопштуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Приведен 15-годишен кумановец поради кражба на автомобил и приватни имоти
На 23 февруари 2026 година во 11:10 часот, полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода 15-годишник од Куманово, информираат од МВР.
Според полицијата, тој одзел паркирано патничко моторно возило „форд ескорт“, сопственост на Р.Ј. (25) од Куманово. Дополнително, се сомничи дека влегол во два приватни имоти и одзел повеќе предмети.
Малолетникот бил приведен во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Фото: илустрација
Црна хроника
14-годишно дете возејќи автомобил во Дебреште удрило во бетонски столб, повреден е и неговиот малолетен сопатник
Синоќа во полицијата било пријавено дека во село Дебреште, општина Долнени, патничко возило „опел“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 14-годишен малолетник од селото, удрило во бетонски столб, соопшти МВР.
Во несреќата, 14-годишен сопатник од Дебреште се здобил со тешки телесни повреди, додека возачот и 16-годишен сопатник се здобиле со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница Прилеп.
Увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Прилеп.

