Црна хроника
Исчезна малолетничка од Скопје, со себе го земала и своето бебе

Вчера во 20.57 часот во СВР Скопје, Џ.А.(27) од Скопје, згрижувач на малолетничка Н.А.(15), пријавила дека, по претходна расправија, од нејзиниот дом се оддалечила малолетничката Н.А., која со себе го земала и своето бебе.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Пожар во куќа во изградба во Скопје: нема повредени

Вчера околу 16:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Хо Ши Мин“ настанал пожар во куќа во изградба, сопственост на 55-годишниот М.Ц. од Скопје.
Од пожарот била опожарена фасада од куќата, а екипа од Бригадата за противпожарна заштита Скопје го изгаснала пожарот.
Повредени лица нема. Бил извршен увид.
Црна хроника
Скопјанец се повредил додека работел во приватна фирма во Визбегово: пренесен е во болница

Вчера околу 09:45 часот во СВР Скопје, од приватна болница во Скопје било пријавено дека кај нив со повреди бил донесен 57-годишниот И.М. од Скопје.
Според пријавеното, тој со повредите се здобил додека извршувал работни задачи во приватна фирма во село Визбегово, скопско.
Известен бил трудов инспектор, а полициски службеници излегле на местото на настанот.
Црна хроника
Семејно насилство во скопски Аеродром: 44-годишник ги истепал сопругата и нејзиниот малолетен син

Денеска во 04:30 часот во СВР Скопје, 44-годишна жена од Скопје пријавила дека на 11.08.2025 околу 23:00 часот во семејниот дом на подрачјето на општина Аеродром, таа и нејзиниот малолетен син биле физички нападнати од нејзиниот сопруг П.Н.(44).
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.