Црна хроника
Кавадарчанка крадела на приватен имот, одземеното вратено на сопственикот
Синоќа, во 18.50 часот, во атарот на с. Возарци, Кавадаречко, полициски службеници од ОВР Кавадарци ја лишиле од слобода Ј. Т. (60) од Кавадарци.
На местото наречено Шамаците, во атарот на с. Возарци, таа била затекната при извршување кражба на имот на правно лице од Кавадарци.
Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот, а Ј. Т. била задржана во полициска станица.
По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ученик од основно училиште во Скопје бил полово вознемируван од негов соученик
Триесет и шестгодишна жена скопјанка пријавила дека на 17 септември во основно училиште на подрачјето на Карпош во Скопје, нејзиниот малолетен син бил полово вознемируван од негов соученик.
Се работи на расчистување на случајот.
Црна хроника
Сопственик на локал во Гостивар нападнал вработена
Полицијата поднесе кривична пријава против С.А.(55) од Гостивар поради насилство.
„На 04.08.2024 во уостителски објект во Гостивар, пријавениот, сопственик на објектот, по претходно недоразбирање, физички ја нападнал вработената М.А..“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Скопјанка пријавила манијак кој се соблекувал пред малолетници
Триесет и деветгодишна жена од Скопје пријавила дека на 18 септември околу 13.00 часот на подрачјето на Центар во Скопје, едно лице се соблекувало пред повеќе малолетници.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, објави МВР во дневниот билтен.