Црна хроника
Кавадарчанка под истрага за продажба на дрога во Скопје
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против кавадарчанка за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.
На 14 ноември, при претрес во домот каде што времено престојувала таа, на улица Венјамин Мачуковски во Скопје, полициски службеници пронашле 5,79 грама наркотична дрога – хероин и 0,58 грама марихуана. При претресот биле пронајдени и парични средства за кои постои сомневање дека потекнуваат од продажба на дрога. Во конкретниот случај, надлежниот јавен обвинител оцени дека се исполнети законските основи, односно дека осомничената би можела да се даде во бегство, да го повтори кривичното дело или да влијае врз сведоците, па до судијата на претходна постапка достави и предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, соопшти Обвинителството.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Со џип му го пресекол патот и му се заканувал со пиштол: драма во Скопско
На 29.01.2026 околу 15:00 часот во СВР Скопје, Н.М.(43) од с. Долно Свиларе, скопско, пријавил дека околу 11:15 часот во с.Долно Свиларе, додека се движел со патничко возило, му бил пресечен патот од возило „џип“, управувано од Р.Н..
Тој излегол од возилото и му се заканувал со пиштол на пријавителот.
Полицијата информира дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Со остар предмет им се заканувал на снаата и синот па искршил дел од покуќнината
Утрово во 03:50 часот полициски службеници од СВР Скопје извршија службен разговор со Б.Ш.(65) од Скопје.
ПОлицијата постапила по претходна пријава од неговата 58-годишна снаа дека на 29.01.2026 околу 22:00 часот во семејниот дом во Скопје, тој по претходна вербална расправија, со остар предмет упатил закани кон неа и нејзиниот 30-годишен син, а потоа искршил дел од покуќнината.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок, информираат надлежните.
Црна хроника
Изнајмил возило на три дена, платил само за првиот и не му го вратил автомобилот: кривична за стружанец
ОВР Струга поднесе кривична пријава против Ф.К.(38) од струшкото село Делогожда.
Тој се сомничи за сторено кривично дело „затајување“.
Делото го сторил на 28.12.2025 година кога од Е.Џ. од Струга, изнајмил патничко моторно возило за времетраење од три дена, му извршил уплата само за првиот ден и возилото не му го вратил.
Со тоа, пријавениот го оштетил Е.Џ. за сума од 240.000 денари.

