Црна хроника
Казнен налог за вработена во центар за социјални работи, фалсификувала исправи
Основното јавно обвинителство Кавадарци до надлежниот суд поднесе предлог за издавање казнен налог против 40-годишна вработена во Центарот за социјална работа – Кавадарци, која се товари дека сторила кривично дело фалсификување службена исправа од член 361 став 1 од Кривичниот законик.
Во периодот од ноември 2020 до август годинава, како службено лице – член на стручен тим, при постапување со доверени предмети, обвинетата внесувала невистинити податоци во наодите и мислењата.
Ваквите исправи ги потпишувала во име на другите членови на стручниот тим, ги заверувала со службен печат и ги доставувала до директорот на Центарот за социјална работа за понатамошно постапување.
Надлежниот јавен обвинител на Основниот суд Кавадарци му предложи да ја огласи обвинетата за виновна и да ѝ изрече алтернативна мерка – условна осуда со која ќе ѝ утврди казна затвор во траење од три месеци, која нема да се изврши доколку обвинетата не стори ново кривично дело во рок од две години по правосилноста на пресудата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Пронајдени и одземени 220 таблети во пакет за осуденик во затворот Идризово
На 11 јануари 2026 година во 15:00 часот во СВР Скопје, од Казнено-поправна установа Затвор Идризово било пријавено дека околу 12:30 часот, при извршен претрес на пакет наменет за осудено лице А.Н. (39) од Скопје, биле пронајдени и одземени 220 таблети.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Инцидент во трговски центар: две жени меѓусебно се пријавиле за физички напад
На 11 јануари 2026 година во 13:10 часот во СВР Скопје, С.К.П. (41) пријавила дека околу 12:20 часот во трговски центар на подрачјето на Центар била физички нападната од М.Д. (56).
Според пријавата, со М.Д. било и едно машко лице кое ја снимало С.К.П. со мобилен телефон.
Од полицијата информираат дека и М.Д. поднела пријава, во која навела дека била физички нападната од С.К.П.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повреден 70-годишник во пожар во куќа во виничко Блатец
На 11 јануари 2026 година во 12:04 часот во ОВР Виница било пријавено дека во село Блатец, околу 11:50 часот, настанал пожар во куќа и помошна просторија – работилница, сопственост на М.Д. (70) од истото село.
Како што информира полицијата, сопственикот се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итната медицинска помош од Виница бил пренесен во Општа болница Кочани за укажување лекарска помош.
Пожарот бил изгаснат од екипи на Територијалната противпожарна единица Виница и Територијалната противпожарна единица Кочани.

