Црна хроника
Казнети скопски ресторан и неговиот управител – организирале масовни прослави во време на строги мерки
Скопското основното јавно обвинителство поведе постапка за сторено кривично дело непостапување според здравствените прописи, против едно физичко и едно правно лице.
Како што информираат од Обвинителството, станува збор за ресторан и неговиот управител, бидејќи на 18 август минатата година не постапиле согласно прописите со кои беа определени мерки за заштита на населението од заразни болести.
Имено, при контрола од Државниот пазарен инспекторат во ресторанот било утврдено дека спротивно на протоколот за работа, во две целосно затворени сали на ресторанот се организирале прослави и се послужувале гости.
Во едната сала била организирана свадба со околу 150 лица, а во другата – прослава со околу 20 лица.
Јавен обвинител доставил предлог до Основниот кривичен суд Скопје на обвинетиот управител да му биде определена парична казна од 100 дневни глоби со поединечна висина на дневната глоба од 20 евра во денарска противвредност, додека ресторанот да биде казнет со парична казна од 300.000 денари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ја претепал 48-годишната сопруга: уапсен маж од Кичево
Синоќа во 19:50 часот во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Т.Д.(53) од Кичево.
Полицијата постапила по претходна пријава дека тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата 48-годишна сопруга.
По целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Кривична пријава за охриѓанец: бесправно градел
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Е.А.(67) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.
На катастарска парцела во Охрид,тој без правосилно одобрение за градење издадено од Секторот за урбанизам и управување со градежно земјиште од општина Охрид, извршил доградба на постоечки објект, по што е донесено решение за отстранување на градбата.
Црна хроника
Уапсен возач од тетовско, возел пијан во спротивна насока
Синоќа во 00:15 часот на ул.„Благоја Тоска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Д.М.(47) од с.Камењане, тетовско.
Полициските службеници запреле патничко возило „хјундаи“ со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал Д.М. во спротивна насока на коловозна лента и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,57 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.
По целосно документирање на настанот, против Д.М. ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

