Црна хроника
Казнети 179 возачи во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 179 мерки, од кои 29 за управување со брзина поголема од дозволената, 23 мерки за возење без возачка дозвола, 6 за нерегистрирани и технички неисправни возила, 7 санкции за управување под дејство на алкохол, 14 за поминување на затворен семафор (црвено светло) и 11 мерки за користење мобилен телефон.
„Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот“, соопшти МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Уапсен тетовец: возел со 2,16 промила алкохол во крвта

Вчера во 16.45 часот, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишиле од слобода 31-годишниот К.В. од Тетово.
При сообраќајна контрола на улица „Маршал Тито“ во Тетово било сопрено патничко возило „фоксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал К.В., и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2.16 промили алкохол во крвта.
Тој бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
Црна хроника
Кочанчанец синоќа возел со 1,5 промили алкохол во крвта, задржан е во полициска станица

При контрола на патниот сообраќај полицијата на улицата Стево Теодосиевски во Кочани фати 46-годишен кочанчанец кој возел автомобил со 1,5 промили алкохол во крвта. Пијаниот возач веднаш бил отстранет од сообраќајот.
„Полициски службеници утрово во 00:23 часот сопреле патничко возило ’сеат’ со кочански регистарски ознаки, кое го управувал Н.А.. По преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,57 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станиц“, извести Министерството за внатрешни работи.
По целосно документирање на настанот, против возачот ќе биде кривична пријава за безобѕирно управување со моторно возило.
Топ
Малолетничка на болничко лекување пријавила дека лекар од Клинички центар во тоалет ја допирал по телото

Вчеравечер во СВР Скопје малолетничка од Виничко, која била згрижена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, пријавила дека околу 21 часот во тоалетот на болницата била допирана по телото од страна на лекар во Клиниката. Министерството за внатрешни работи презема мерки за расчистување на случајот.