Црна хроника
Казнети 185 пијани возачи изминатата вечер
Во текот на изминатата вечер (25/26.02.2023) во периодот од 22.00 до 04.00 часот спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на Република Северна Македонија, при што санкционирани се 185 возачи.
Од нив 38 на територија на СВР Скопје, 35 на територија на СВР Куманово, 20 на територија на СВР Тетово…
За време на контролата биле санкционирани и 178 други видови на прекршоци.
МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесат за побезбедни патишта.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Возач удрил во полицаец на Миладиновци и побегнал, бил уапсен на следната патарина
Полицијата вчера во 18:40 часот на наплатната станица Преод го приведе Б.П. (68) од Струмица.
Како што информираат од МВР, околу 17:50 часот на наплатната станица Миладиновци, полициски службеници го сопреле Б.П., кој управувал патничко возило „Фиат Браво“ со струмички регистарски ознаки, со цел легитимирање. При обидот за легитимација, лицето го стартувало возилото и удрило полициски службеник, по што го напуштило местото на настанот.
Лицето подоцна било пронајдено и приведено на наплатната станица Преод.
По целосно документирање на случајот, како што наведуваат од полицијата, ќе следува соодветен поднесок.
Топ
(Видео) Запленети 5050 штеки цигари и електронски цигари на ГП Стар Дојран, уапсен српски државјанин
Вчера во 17:53 часот на Граничен премин Стар Дојран, на излез од државата, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и граничен премин Стар Дојран во координација со царински службеници и припадник на Фронтекс, го лишија од слобода 56-годишниот М.Г. од Република Србија, кој управувал товарно возило „ман“ со полуприколка „шмитц“ со српски национални ознаки.
При граничната контрола, утврдено е дека е фалсификуван WIN бројот на полуприколката во сообраќајната дозвола. При извршен преглед пак, во полуприколката, со помош на специјален уред-Ендоскоп пронајден е скриен бункер, во кој се пронајдени вкупно 5050 штеки, од кои 800 штеки цигари и 4250 штеки електронски цигари.

По целосно документирање на случајот, против М.Г. ќе бидат поднесени кривични пријави по чл.378 – „фалсификување исправа“ и по чл.278 – „криумчарење“ (акцизна стока) од Кривичниот законик.
фото: МВР
Црна хроника
Пријавено оштетување на стаклото на влезната врата на Амбасадата на Бугарија
Вчера во 15:55 часот, во СВР Скопје, од страна на Одделот за обезбедување на определени личности и објекти при Министерството за внатрешни работи, било пријавено оштетување на стаклото на влезната врата од Амбасадата на Република Бугарија. Офицерот за безбедност на Амбасадата, преку системот за видео надзор, забележал оштетување на стаклото од влезната врата на објектот.
Според досега утврденото, оштетувањето го извршило засега непознато лице, кое со удар со рака го оштетило стаклото од влезната врата.
На местото на настанот биле преземени соодветни полициски мерки, а надлежните служби работат на расчистување на случајот и утврдување на сите околности поврзани со настанот, извести МВР.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
фото: МВР

