Црна хроника
Казнети 202 возачи во Скопје, 46 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (5.4.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на Град Скопје изречени се вкупно 202 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 46 санкции, 15 мерки за возење без возачка дозвола,16 санкции за недавање првенство на минување на пешаци.
Изречени се осум мерки за користење мобилен телефон, 11 санкции за прекршоци што ги прават пешаците, три мерки за возење под дејство на алкохол, пет за нерегистрирани возила, 73 за непрописно паркирање…
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Приведен бегалец од затвор, вратен е во затворот во Идризово

Денеска во 03.10 часот полициски службеници од ПС Гостивар, врз основа на судска наредба, го лишиле од слобода Б.М.(61) од с.Речане кој бил баран со потерница поради бегство од КПУ Идризово.
Б.М. бил осуден на девет години и 11 месеци, а за доиздржување имал три години, пет месеци и 14 дена, а во врска со сторени кривични дела по член 215 и 247 од КЗ.
Тој е спроведен во КПУ Идризово за доиздржување на затворската казна.
Црна хроника
Блокиран пат кај Велес поради сообраќајна несреќа

Од 15.25 часот на регионалниот пат кај мотел Велес до Велес, сообраќајот е во целосен прекин.
Од АМСМ информираа дека прекинот е поради сообраќајна несреќа.
Засега нема информации дали има повредени во несреќата.
Црна хроника
Автомобил удри во жена во Струмица

Вчера на крстосницата од улиците Братство единство и Браќа Миладинови во Струмица, автомобил „пежо 407“ со струмички регистарски ознаки, управувано од 39-годишната М.С. од селото Радово, струмичко, удрило во пешакот М.Ф.(39) од Струмица.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.Ф., констатирани во болницата во Струмица.
Извршен е увид.