Црна хроника
Казнети 400 возачи во Скопје, од кои 65 за пребрзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 400 санкции, меѓу кои 65 за пречекорување на дозволената брзина на движење, 47 технички неисправни и нерегистрирани возила, 14 прекршоци од возачи кои поминале на затворен семафор, 28 санкции за некористење на сигурносен појас, 15 мотоциклисти, 51 изречена мерка за непрописно паркирање, 48 возила подигнати со „пајак“ и 36 казни за неносење на заштитна маска.
„Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот“, соопшти МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Фатен бегалец од затвор

Денеска во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Радовиш го лишиле од слобода Е.Н., на возраст од 24 години од село Бучим, радовишко.
Тој бил баран по потерница поради бегство од „Затвор – Струмица“, каде издржувал затворска казна во траење од седум месеци за сторено кривично дело „криумчарење на мигранти“.
Лицето имало за доиздржување еден месец и три дена. Е.Н. е спроведен во КПУ „Затвор – Струмица“ за доиздржување на казната.
Црна хроника
Маж пријавил во полиција дека го тепала поранешната партнерка

Вчера во 17:30 часот во СВР – Скопје, 22-годишен скопјанец пријавил дека околу 12 часот на подрачјето на Бит Пазар, бил физички нападнат од неговата поранешна партнерка Б.М.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанка ограбена во Карпош, ѝ ја украле чантата со пари

Вчера во 16 часот во СВР – Скопје, И.Д., 29-годишна скопјанка, пријавила дека околу 14:20 часот на подрачјето на Карпош, едно лице со употреба на физичка сила ѝ ја одзело чантата каде имало пари, документи и лични предмети.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.