Црна хроника
Казнети 43 мотоциклисти во Кумановско

Полицијата информира дека денеска во периодот од 12 до 18 часот, полициски службеници на СВР Куманово спроведоа акциска контрола за прекршоци што ги прават мотоциклисти, во која вкупно биле откриени и санкционирани 43 прекршоци.
Најголемиот број од прекршоците (33) се однесувале на некористење на заштитна кацига и на управување без положен возачки испит и валидна дозвола за тоа – 6.
Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Тројца насилници со боксови нападнале полицајци во Скопје

Тројца насилници со боксови нападнале полицајци во Скопје кои извршувале службени работи по дојава дека има вооружени лица со автоматски пушки.
Според информациите од Обвинителството, тројцата напаѓачи, заедно со уште едно дете против кое ќе се води соодветна постапка согласно Законот за правда за децата, на 5 август во вечерните часови, на улицата “Босна и Херцеговина” нападнале тројца полициски службеници.
Полицајците постапувале по дојава дека на наведената локација има вооружени лица со автоматски пушки. Се обиделе да ги легитимираат осомничените, но тие одбиле и физички ги нападнале полицајците, удирајќи ги со боксови. Полициските службеници успеале да ги совладаат и ги привеле.
Јавниот обвинител, ценејќи ги сите околности, предложи на осомничените да им бидат определени мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиштето, односно престојувалиштето, обврска да се јавуваат повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган и привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, односно забрана за нејзино издавање.
Црна хроника
Тешко повреден велосипедист во Струшко

Вчера во 10:40 часот, на регионалниот пат Р2243 во селото Биџево, струшко, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „јамаха“ со германски национални ознаки, управуван од И.М.(38) од с.Мислодежда, струшко и велосипед управуван од Р.Т.(79) од с.Биџево, струшко.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ Охрид.
Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Струга.
Црна хроника
Неовластено навлегла во електронскиот систем на банката и со туѓа картичка од банкомат подигнала пари

СВР Штип поднесе кривична пријава против Г.Т.(41) од Македонска Каменица.
Таа се сомничи за сторено продолжено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.
Во периодот од 09.06.2025 до 30.06.2025, пријавената во шест наврати неовластено навлегла во електронски систем на банка и со картичка на лице од село во општина Зрновци, од банкомат во истото село подигнала вкупно 52.000 денари, кои противправно ги присвоила.