Црна хроника
Казнети 61 возач поради пребрзо возење
Во текот на изминатиoт ден на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле 12 сообраќајни незгоди, од кои две со тешки телесни повреди, пет со телесни повреди и пет со материјална штета. При сообраќајните незгоди две лица добиле тешки телесни повреди и шест лесни телесни повреди.
Имено, 61 возач се санкционирани бидејќи се движеле со поголема брзина од дозволената. Исто така, исклучени се и 18 возачи бидејќи пет го управувале возилото под дејство на алкохол, четворица биле возачи почетници и девет пред да стекнат право за управување моторно возило.
Потоа, 13 возила се исклучени од сообраќај бидејќи биле нерегистрирани. Двајца возачи се санкционирани бидејќи поминале крстосница на црвено светло, двајца неправилно се престројувале, четворица не дале првенство на минување возила и 17 не користеле заштитен шлем. Во однос на пешаците санкционирани се двајца пешаци што поминале коловоз надвор од пешачки премин. Во текот на изминатиот ден издадени се 45 мандатни платни налози, а исто така 54 возила се подигнати со „пајак“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стржанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.