Црна хроника
Казни за 192 возачи во Скопје, 109 возеле над дозволеното
По засилените контроли во текот на вчерашниот ден од страна на МВР на територијата на Град Скопје биле изречени вкупно 192 казни, меѓу кои за возење над дозволената брзина 109 санкции, 34 мерки за возење под дејство на алкохол, 14 казни за возење без возачка дозвола, три прекршоци биле изречени за возачите мотоцикли.
Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат, најавија полициските служби и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да поголема безбедност во сообраќајот и посигурни патишта.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Уапсени крадци од Куманово и кумановско, следуваат соодветни пријави
Ноќеска во 01:45 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода 30-годишниот А.С. од село Романовце, кумановско. Тој е затекнат во куќа во село Романовце, сопственост на Х.Ш., при обид да одземе предмети.
Вчера во 16:40 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода 32-годишниот У.З. од Куманово. Тој се сомничи дека на 01.01.2026 со употреба на сила влегол во деловен простор на плоштад „Нова Југославија“ во Куманово и одзел предмети.
Тие се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случаите против нив ќе следуваат соодветни пријави.
Црна хроника
Уапсени мажи во Кичево и општина Старо Нагоричане: возеле под дејство на алкохол
Вчера во 23:30 часот во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Б.С.(45) од Кичево. При сообраќајна контрола е сопрено патничко возило „фолксваген“ со кичевски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,60 промили алкохол во крвта.
Вчера вечер, во 22:10 часoт во село Челопек, општина Старо Нагоричане, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода О.С.(48) од Куманово. При сообраќајна контрола е сопрено возило „фолксваген“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,28 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на случаите против нив ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
Топ
Измамен 77-годишен виничанец од лажен лекар за сума од над 430.000 денари
Вчера во 17:30 часот во ОВР Виница, 77-годишен жител на Виница пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од над 430.000 денари.
Според пријавеното, претходно во текот на денот лицето му се јавило, се претставило како лекар и го известило дека неговата ќерка е во болница поради скршеница на нога за која било потребно да се изврши операција со вградување на шипки.
Како што е пријавено, лицето му ги побарало парите и откако се договориле во неколку наврати ги однел на договореното место. Според пријавеното, откако се вратил дома му се јавила неговата ќерка, по што сфатил дека е измамен.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за расчистување на случајот.

