Црна хроника
Казни за 209 возачи во Скопје

На територијата на град Скопје вчера биле изречени вкупно 209 казни, меѓу кои за возење без возачка дозвола 16 санкции, 23 мерки за прекршоци што ги направиле пешаците, осум казни за возење под дејство на алкохол.
Изречени биле 10 казни за користење мобилен телефон при возење, осум санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, седум мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), четири санкции за возач почетник, седум мерки за вградени неатестирани фолии (затемнети стакла).
МВР најави дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелира до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила за посигурни патишта.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.