Црна хроника
Казни за 64 возачи за брзо возење на автопатот Скопје-Велес
64 возачи на автопатот Скопје-Велес биле казнети за брзо возење откако денеска во периодот од 09 до 14 часот мобилната единица за безбедност во сообраќајот спровела засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната.
Притоа според МВР, 24 возачи возеле со брзина од над 50 километри на час над пропишаната, а четворица возеле со дури над 70 километри на час над дозволената брзина.
Од МВР соопштија дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел поголема безбедност во сообраќајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Сопружници загинаа во пожар во Крива Паланка
Сопружници загинаа во пожар во Крива Паланка. Телата се откриени по интервенција на противпожарните служби.
„Во 08:57 часот добиена е пријава за запалена куќа на ул.Херој Карпош во Крива Паланка. Во гаснењето на пожарот интервенирале 9 пожарникари со 2 ПП возила. Пожарот е изгаснат во 10:00 часот. Во пожарот имало и две жртви сопружници на постара возраст (над 80 години)“, известија од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Црна хроника
Крадец среде бел ден во Карпош сакал да ограби маркет, па откако не успеал повредил вработена
Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на вчерашниот ден маж влегол во маркет во скопски Карпош и на сила се обидел да одземе продукти, но откако не успеал, повредил една од вработените.
„На 10.01.2025 во 18.30 часот во СВР Скопје, било пријавено дека околу 15.40 часот во маркет на подрачјето на Карпош, машко лице со физичка сила и закана со остар предмет кон вработените се обидело да одземе производи, но не успеало. При тоа и нанел повреда на една од вработените“, велат од МВР.
Оттаму потенцираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Во водите на Вардар кај Зелениково пронајдено тело на женско лице заглавено во гранки
Вчера во 11.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека во водите на реката Вардар во с.Таор, општина Зелениково, покрај стариот пат кон с.Пакошево, општина Зелениково, било пронајдено тело на починато женско лице, кое било заглавено во гранки.
Од екипа на Одделот за специјални полициски операции при МВР, телото било извадено, а по наредба на јавен обвинител било дадено на обдукција.