Црна хроника
Како на филм: Дрвокрадци фрлале дрва на патот за да побегнат од полицијата
Вчера вечерта околу 21.00 часот на патот кон вештачкото езеро во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп и полициски службеници од СВР Велес дале знак за запирање на товарно возило „форд транзит“ без регистарски ознаки натоварено со дрва, но возилото продолжило со движење.
Притоа, совозачот фрлал дрва по патот за да го блокира патот на полициските службеници, додека пак возачот на товарното возило со задната страна го удрил службеното полициско возило и го спречил да го престигне, по што службеното возило излетало од патот.
Кај место викано „Три багреми“ товарното возило било пронајдено. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Виничанец нападнал полицаец со дрвен предмет во угостителски објект
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против Б.В. (37) од Виница, поради основано сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице во вршење службено дејствие“, соопшти МВР.
Според пријавата, на 8 август 2025 година, во угостителски објект во Виница, пријавениот со дрвен предмет нападнал полициски службеник додека тој извршувал службени дејствија.
По документирање на случајот, материјалите ќе бидат доставени до надлежното обвинителство.
Црна хроника
Кривична пријава поради небезбедни услови за работа, двајца повредени на скеле во Липково
Полицијата поднесе кривична пријава против А.Б. (48) од Скопје, управител на фирма, поради тешки дела против општата сигурност, соопшти МВР.
Според пријавата, на 14 декември 2024 година, на објект во изградба во село Липково, пријавениот не постапил согласно Правилникот за минимални барања за безбедност и здравје при работа.
Поради непоставена парапетна заштита на надворешно и внатрешно монтажно скеле, дошло до пукање на конструкцијата, при што двајца работници се здобиле со повреди.
Полицијата наведе дека случајот е целосно документиран и ќе биде доставен до надлежното обвинителство.
Црна хроника
Kумановка платила 2.000 евра за патување, но наместо билет, добила молк од скопска туристичка агенција
Дваесет и осумгодишна жена од кумановско пријавила дека била измамена од лице вработено во туристичка агенција во Скопје, за износ од 2.000 евра, соопшти МВР.
Според пријавата, кон крајот на февруари 2025 година, жената отишла во агенцијата да изврши уплата за патување, при што вработениот побарал парите да му ги даде на рака, ветувајќи дека сметката за уплатата ќе ѝ биде издадена дополнително.
По неколку неуспешни обиди да го контактира, осомничениот ѝ соопштил дека не може да ги обезбеди документите за патувањето, а подоцна престанал да одговара на нејзините повици.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.

