Црна хроника
Каменуван автобус на ЈСП, повредена една патничка

Патничка била повредена при каменување автобус на ЈСП со број 53 во Јурумлери.
Возачот вчера пријавил во полиција дека автобусот бил каменуван од непознато лице додека управувал со него на улицата 1.
Поради кршење на стаклото, во автобусот била повредена У. Б. (50) од село Јурумлери, која била во автобусот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Во дворот си засадил марихуана висока и до три метри – притвор за жител на Богданци

Жител на селото Стојаково, општина Богданци, заврши во притвор откако полицијата во неговиот двор пронајде мини-плантажа со марихуана.
Како што информираа од полицијата, на на 4 август, по судска наредба, бил извршен претрес во домот и дворното место на 65-годишниот Т.К.
Од таму, како што наведуваат, биле пронајдени дури 56 стебла марихуана, некои со висина до 2,80 метри, како и поголема количина суви растителни остатоци, семки од канабис, дробилка и други предмети со траги од марихуана.
Осомничениот бил приведен и задржан во Полициската станица во Гевгелија, по што бил изведен пред судија од Основниот суд Гевгелија, кој му одредил мерка притвор.
Црна хроника
Претрес во Скопје, запленети околу 100 грама кокаин

Во рамки на континуираните полициски активности за сузбивање и откривање на кривични дела од областа на недозволената трговија со дрога, денеска (05.08.) во 01:00 часот од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, по претходно добиена Судска наредба за претрес, извршен е претрес на дом на лицето Е.Е. (41).
Притоа полициските службеници открија и запленија една кеса со околу 100 грами прашкаста материја – кокаин, чија што вредност се проценува на околу 10.000 евра.
Лицето е уапсено во Полициската станица од општа надлежност Бит Пазар каде што е задржан за понатамошна постапка.
По целосно документирање на случајот против истиот ќе следи соодветна пријава.
Црна хроника
Тешко повреден мотоциклист во Бардовци по судир со возило управувано од државјанин на САД

Во сообраќајна несреќа што се случила на 3 август околу 18:40 часот во село Бардовци, тешко е повреден 26-годишен мотоциклист од Скопје.
До несреќата дошло на крстосницата меѓу ул. „2“ и сервисна улица, кога се судриле патничко возило „Нисан Кашкаи“, управувано од 36-годишен државјанин на САД со престој во Скопје, и мотоцикл „БМВ“.
Повредениот е пренесен во приватна болница, а увид извршила екипа од СВР Скопје.