Црна хроника
Камион прегази жена на пешачки премин во Гостивар
Камион прегази жена во Гостивар. Несреќата се случила на булеварот Браќа Гиновски, а според првичните сознанија на гостиварското обвинителство, жената поминувала на пешачки премин.
„Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар заедно со увидни екипи од Министерството за внатрешни работи врши увид на лице место каде што денес околу 13:30 часот се случи сообраќајна несреќа. Според првичните сознанија, товарно моторно возило удрило во жена на возраст од 65 години, која поминувала на пешачки премин. При тоа на сега починатата ѝ се причинети повреди што имале смртна последица“, соопштија од обвинителството.
Јавниот обвинител наредил обезбедување и прибирање траги од местото на несреќата. Наредено е и вршење на сообраќајно техничко вештачење и обдукција на жртвата. Од обвинителството соопштија дека се обезбедени видеозаписи од околните камери.
Возачот се наоѓа во полициска станица и се преземаат дејствија за утврдување на околностите што довеле до несреќата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
МВР со опомена до 150 граѓани кои зборувале на телефон додека минувале на пешачки
Во периодот од 26.09.2025 до 07.11.годинава полициските службеници од СВР Скопје издале вкупно 150 опомени за граѓаните. Согласно проценките, динамиката и степенот на информираност и запознавање на граѓаните за измените во законската регулатива, во наредниот период се очекува отпочнување со изрекување на соодветни санкции, по целосното информирање на граѓаните за новите законски одредби.
Новите измени во Законот за безбедност во сообраќајот – пешачењето со телефон во рака или преминувањето пешачки со тротинет е прекршок кој се плаќа. Ако преминувате пешачки со мобилен телефон на уво или во рака – казната е 40 евра.
Ако возите тротинет, мотор или трактор со користење електронски уред – казната е 50 евра.
Црна хроника
Пожар зафати товарно возило во двор на фирма во Крушопек
Во првите часови по полноќ, на 8 ноември, во СВР Скопје било пријавено дека во двор на фирма во селото Крушопек избувнал пожар во товарно возило ман со скопски регистарски таблички, сопственост на фирмата.
Пожарот бил навреме изгаснат од екипи на Бригадата за противпожарна заштита. Нема повредени лица, а увид на местото на настанот ќе биде извршен во текот на денешниот ден.
Црна хроника
Жена падна во автобус и тешко се повреди
Педесет и седумгодишна скопјанка се здобила со тешки телесни повреди откако вчера паднала во автобус кој сообраќал по булеварот Кузман Јосифовски Питу во Скопје. Според пријавеното во СВР Скопје, жената била патник во автобус управуван од 59-годишен возач од Волково.
По падот, таа била пренесена во Градската општа болница Св. Наум Охридски, каде што и биле констатирани тешките повреди. На местото на настанот извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

