Црна хроника
Камион удри во велосипедист кај Муртино

Вчера, во 16.15 часот, во село Муртино, Струмичко, товарно моторно возило „волво“, со струмички регистарски ознаки, управувано од В. А. (52) од с. Дабиле, удрило во велосипед што го управувал малолетник од с. Муртино.
Во незгодата велосипедистот добил тешки телесни повреди и бил пренесен во Медицинскиот центар Струмица, каде што му била укажана лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од екипа од СВР Струмица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Косовец со автомобил удрил во полицаец кој вршел обезбедување на место на сообраќајка во Мала Речица

Косовец со автомобил удрил во полицаец кој вршел обезбедување на место на сообраќајка во Мала Речица.
Според информациите на МВР, вчера во 20:00 часот во СВР Тетово е пријавено дека на регионалниот пат село Пирок-Тетово, во село Мала Речица, патничко возило „бмв“ со косовски национални ознаки, управувано од А.С.(22) од Косово, удрило во полицискиот службеник С.А.(26) од село Шипковица, тетовско, кој вршел обезбедување на место на сообраќајна незгода.
Притоа, со повреди се здобил полицискиот службеник, констатирани во Клиничка болница Тетово.
По наредба на јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа од СВР Тетово.
Топ
Наставник физички нападна ученик во основно училиште во Кисела Вода

Наставник физички нападнал ученик во основно училиште во Кисела Вода.
Според информациите на МВР, вчера во 13:10 часот во СВР Скопје, А.К.(39) од Скопје пријавил дека на 30.09.2025 во 16:10 часот во основно училиште на подрачјето на Кисела Вода во Скопје, неговиот малолетен син бил физички нападнат од Г.Ј., наставник во училиштето.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Топ
(Видео) Пронајдени и санкционирани лицата што дивееја со возило по „Партизанска“

Во врска со објавената снимка на социјалните мрежи на 30.09.2025 година на булеварот „Партизански Одреди“ во Скопје на која гледа како се движи патничко возило „голф“ со скопски регистарски ознаки при што на кровот од возилото се превезува лице кое ја загрозува сопствената безбедност и безбедноста на другите учесници во сообраќајот, од страна на полициски службеници од СВР Скопје пронајдено е возилото, лицето кое го управувало С.Ф. и лицето кое се превезува на кровот од возилото А.И., извести МВР.
За А.И. преземена е мерка по чл.165 став 2 од Законот за безбедност на патиштата.
Од извршената проверка утврдено е дека С.Ф го управувал возилото со измината важност на сообраќајната дозвола и за истото преземена е мерка по чл.26 став 10 од Законот за возила.