Црна хроника
Камион удри 77-годишна жена на „Партизанска“
Камион „мерцедес спринтер“ вчера на булеварот Партизански одреди во Скопје удрил во 77-годишна жена пешак.
Скопјанката Н.И. добила тешки телесни повреди и била пренесена во Градската општа болница „8 Септември“. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се степаа две малолетнички на кејот на Сушица во Кичево, повикани се на разговор со родителите
Две малолетнички вчераутро се степаа на кејот на реката Сушица во Кичево, извести полицијата. Направени се разговори со нив во присуство на нивните родители.
„Вчера во 09.40 часот, на пешачка зона на кејот на реката Сушица во Кичево, настанала физичка пресметка помеѓу две малолетнички. Со нив, во присуство на родителите и претставник од Центарот за социјални работи, биле извршени службени разговори“, велат од СВР Охрид.
По целосно документирање на случајот полицијата најави соодветни поднесоци.
Црна хроника
Охриѓанец и кривопаланчанец продавале ножеви, лисици, метални боксирачи и електрошок направи на пазарот во Охрид
Охридската полиција и инспектори од Државниот пазарен инспекторат вчера на пазарот во Охрид открија охриѓанец и кривопаланчанец кои на тезги на пазарот продаваат ножеви, лисици, метални боксирачи, електрошок направи и други предмети. Стоката им е одземена, а против двајцата ќе бидат поднесени пријави.
„На 07.02.2025 на подрачјето на Охрид, тимови од полициски службеници од СВР Охрид и службеници од Државниот пазарен инспекторат извршија заеднички контроли на лица кои вршат продажба на производи на јавна површина. Притоа, на две тезги во градскиот пазар, затекнати се С.Ј.(63) од Охрид и Е.П.(47) од Крива Паланка, како за продажба изложиле ножеви, метални боксирачи, телескопски палки, лисици за врзување, клешти, метални палки, ножеви на преклоп, електро шок направи, разни спрејови и други предмети. Предметите се одземени и против двете лица ќе бидат поднесени соодветни пријави“, соопшти денес охридската полиција.
Топ
Полицијата откри малолетници кои се забавуваат во кафулиња во Охрид по полноќ, пријави ќе добијат газдите
Ноќеска охридската полиција направи акциска контрола за откривање малолетници кои престојуваат подолго од законски дозволеното време во повеќе угостителски објекти во градот. Од СВР Охрид најавија пријави за одговорните лица во угостителските објекти.
„Во неколку објекти евидентирано е присуство на малолетни лица по 24 часот, поради што на правното и одговорното лице во објектите ќе им бидат поднесени соодветни пријави“, извести СВР Охрид.
Според Законот за угостителска дејност, лица под 18 години, без придружба, е дозволено да присуствуваат во угостителски објект до 22 часот. По 22 часот треба да имаат придружба од родител или старател.