Црна хроника
Кај Богородица приведени 37 мигранти
Патрола од Полициската станица за граничен надзор Богородица вчера околу 16 часот забележала поголема група на лица кои се движеле од брана Паљурци кон селото Фурка.
На дадена усна наредба од страна на униформирани полициски службеници да застанат, непознатото лице кое било на чело на групата се дало во бегство, а групата од 37 лица (мигранти) е сопрена. Во ПС Богородица се приведени 37 мигранти за понатамошна постапка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Уапсен крадец од Штип: претепал едно лице, му го оштетил возилото и прозорците од куќата
Вчера околу 00.05 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода А.П.(37) од Штип.
Тој бил затекнат при обид да изврши „тешка кражба“ во куќата на В.Д.(58) од Штип, при што физички го нападнал М.К., роднина на сопственикот, со тврд предмет го оштетил неговото возило, како и неколку прозорци од куќата.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Едно лице тешко повредено при судир на „мерцедес“ и „шевролет спарк“
Во Полициската станица Кочани вчера околу 14.15 часот било пријавено дека на магистралниот пат А3, кај крстосница База Гранит – Кочани, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со кочански регистарски ознаки, управувано од А.П.(22) од с.Грдовци, кочанско и патничко возило „шевролет спарк“ со штипски регистарски ознаки, управувано од З.С.(41) од Штип.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот З.С., констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани.
Црна хроника
Загина 57-годишен маж од Кочанско: со возилото излетал од патот
Вчера во ОВР Кочани било пријавено дека во периодот од 23.00 часот на 02.02.2025 до 16.30 часот на 03.02.2025 на земјен пат кој го поврзува локалниот пат с.Оризари – с.Пресека со маало „Јовевци“ од с.Д.Пресека, кај место викано „Лозата“, патничко возило „мерцедес“ со штипски регистарски ознаки, управувано од В.Д.(57) од с.Стар Караорман, излетало надвор од коловозот.
Од здобиените повреди на местото на несреќата починал возачот В.Д..
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.
Увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Кочани.