Црна хроника
Кочанчанец синоќа возел со 1,5 промили алкохол во крвта, задржан е во полициска станица
При контрола на патниот сообраќај полицијата на улицата Стево Теодосиевски во Кочани фати 46-годишен кочанчанец кој возел автомобил со 1,5 промили алкохол во крвта. Пијаниот возач веднаш бил отстранет од сообраќајот.
„Полициски службеници утрово во 00:23 часот сопреле патничко возило ’сеат’ со кочански регистарски ознаки, кое го управувал Н.А.. По преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,57 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станиц“, извести Министерството за внатрешни работи.
По целосно документирање на настанот, против возачот ќе биде кривична пријава за безобѕирно управување со моторно возило.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
(Видео) Пронајдени и запленети 62 пакувања со марихуана при претрес на возило во струшко
Денеска во 07:05 часот, на магистралниот пат Струга- Ќафасан, во близина на струшкото село Франгово, полициски службеници, од слобода го лишија А.Т.(46) од Поградец, Република Албанија.
При преглед извршен во патничко возило „опел зафира“ со струшки регистарски ознаки, кое тој го управувал, пронајдени се три торби со 62 паковки со марихуана.
Известен е јавен обвинител, дрогата е одземена, а А.Т. е задржан во полициска станица. По целосно документирање на настанот, ОВР Струга ќе поднесе соодветна пријава.
Црна хроника
Починат маж пронајден во Охрид, бил пријавен за исчезнат пред четири дена
На 06.12.2025 година во 16:20 часот, во поранешни оранжерии на улицата „1 Македонска ударна бригада“, пронајдено е машко безживотно тело.
По преземени мерки, вчера е утврдено дека се работи за З.Т.(57) од Охрид, кој на 04.12.2025 година во 18.25 часот, во СВР Охрид бил пријавен дека се оддалечил од семејниот дом.
По наредба на јавен обвинител, денеска врз телото ќе биде извршена обдукција.
Црна хроника
МВР: Уште една измама со лажна сообраќајка, 82-годишна скопјанка измамена за 170.000 денари
Скопјанка на возраст од 82 години била измамена за 170 илјади денари во уште една измама со лажна сообраќајка.
„На 06.12.2025 во 10:20 часот во СВР Скопје, 82-годишна жена од Скопје пријави дека била измамена од едно лице за сума од околу 170.000 денари. Според пријавеното, лицето ја контактирало телефонски, се претставило како полициски службеник и на оштетената и кажало дека нејзината внука предизвикала сообраќајна несреќа во која починало дете и дека е потребно да плати за да не оди во затвор. Како што е пријавено, таа излегла на улицата и ги дала парите на машко лице, но подоцна сфатила дека нејзината внука не учествувала во сообраќајна несреќа, односно дека е измамена“, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

