Црна хроника
Крадец насилно влегол во нотарска канцеларија, полицијата го уапси на камениот мост
На 15.07.2023 во 09.45 часот на Камениот мост во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.Р.(25) од Скопје. Тој се сомничи дека на 16.04.2023 со употреба на сила влегол во нотарска канцеларија на Е.М. и одзел предмет. Во службен разговор во полициска станица тој го признал делото.
Р.Р. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Насилство во Тетовско: нападната 19-годишна девојка
СВР Тетово поднесе кривична пријава против П.А.(28), С.А.(30), Е.А.(23), Г.А.(44) и А.А.(19), сите од с.Желино, тетовско.
Тие се сомничат за сторено кривично дело „насилство“.
Имено, според полицијата на 26.09.2025 во с.Желино, по претходна расправија, пријавените физички нападнале 19-годишна девојка од истото село.
Црна хроника
Загина 48-годишен возач: со возилото излетал од патот Кочани – Виница
Вчера во 17:35 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на магистралниот пат Кочани- Виница, на место викано „Сланечки дол“, патничко возило „пежо“ со винички регистарски ознаки, управувано од Б.Ќ.(48) од Виница, излетало надвор од коловозот.
Од здобиените повреди на местото на настанот починал возачот, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.
По насоки на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани.
Црна хроника
Уапсен прилепчанец: возел пијан
Ноќеска во 00:41 часот полициски службеници од ОВР Прилеп на улицата „Браќа Ламески“ во Прилеп го лишија од слобода 49-годишниот Р.Г. од Прилеп.
При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „џип“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Р.Г., при што било констатирано дека го управувал возилото под дејство на алкохол, односно измерени му биле 1,91 промили алкохол во крвта.
По документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по чл.297-а од КЗ „безобѕирно управување со возило”.

