Црна хроника
Кражба во фабрика во Демир Хисар

Кражба била пријавена во фабрика во Демир Хисар. Полицијата информира дека вчера во 8.20 часот пријавено е дека во фабрика во Демир Хисар, лоцирана кај регионалниот пат Битола-Кичево, непознат сторител го скршил прозорецот и од фиока од работно биро одзел пари. Увид извршила екипа од Полициската станица Демир Хисар и се работи на расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Претрес во валандовско, пронајдена марихуана, приведено едно лице

Вчера во село Дедели, валандовско, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Валандово го лишиле од слобода 43-годишниот Џ.О. од село Дедели.
При претрес на неговиот дом, извршен со судска наредба, билa пронајденa марихуана.
Лицето било задржано во Полициската станица Валандово, за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и во текот на денот ќе му биде поднесена соодветна кривична пријава, по што Џ.О. ќе биде изведен пред судија од Основен суд Гевгелија.
Црна хроника
Скопјанец осомничен за измама со фиктивна продажба на станови

Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно физичко и едно правно лице за кои постои сомнение за сторено продолжено кривично дело – Измама од член 247 од Кривичниот законик.
Пријавениот сопственик на правното лице, со цел да прибави противправна имотна корист за себе и за својата фирма, лажно прикажувал факти дека врши посредување при продажба на станови и возила во сопственост на Агенцијата за управување со одземен имот – Скопје.
Осомничениот 35-годишник од Скопје на две оштетени лица во Куманово им се претставил како вработен во Агенцијата за управување со одземен имот и со нив склучил фиктивни договори за наводна продажба на станови во Скопје и Охрид. Измамените граѓани му уплаќале пари, еден дел во готово, а еден дел на сметка на правното лице, со што осомничениот прибавил вкупна противправна имотна корист од 115.754 евра.
Ценејќи дека се исполнети законските основи, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Куманово ќе достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, соопштија надлежните.
Црна хроника
Украдени бронзени бисти од градските гробишта „Бутел“

Вчера во СВР Скопје, Б.И.(67) и С.Ж.(76), двајцата од Скопје, пријавиле дека од гробни места од Градските гробишта Бутел биле одземени две бронзени бисти.
Според полицијата, се преземаат мерки за расчистување на случајот.