Црна хроника
Кривична за возач во чиј автомобил скопската полиција пронашла автоматска пушка, пиштол и куршуми
Скопското основно јавно обвинителство донесе наредба за истрага против едно лице за кривично дело – неовластено изработување, држење, посредување и трговија со оружје.
Осомничениот, на 12 јуни, на паркинг на улицата „Методија Андонов Ченто“ во Скопје, неовластено држел огнено оружје кое на граѓаните им е забрането, односно автоматска пушка со калибар 7,62 Х 39 милиметри и 60 куршуми муниција за ова оружје.
Освен ова, тој со себе носел и пиштол марка Smith Wesson со калибар 9 милиметри и 15 куршуми за тој пиштол.
Оружјето и муницијата биле пронајдени при личен преглед на осомничениот и при претрес на неговиот автомобил, на десното совозачко седиште.
Ценејќи дека постои опасност од бегство на осомничениот и можност тој да го повтори делото, надлежниот јавен обвинител на Основниот кривичен суд Скопје му предложил да изрече мерка притвор за осомниченото лице.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Мајка од Велес ги оставила петте малолетни деца сами и заминала за Скопје
Полициски службеници од полициската станица „Ѓорче Петров“ синоќа во 2:05 часот по полноќ лишиле од слобода 36-годишна велешанка. Претходно во СВР Велес било пријавено дека таа во домот ги оставила нејзините пет малолетни деца и заминала во Скопје.
Како што денеска информираат од СВР Велес, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Приведен 21-годишен охриѓанец, нападнал полицаец
Вчера во 00:10 часот, во угостителски објект лоциран на улицата „Св. Климент Охридски“ во Охрид, приведен е лице на (21) од Охрид, кој претходно бил агресивен кон полициските службеници кои преземале службени дејствија.
По целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Угинато куче со пена на уста најдено на улица во Кавадарци, ќе постапува обвинител
Угинато куче било пронајдено доцна синоќа на улица во Кавадарци, по насока на јавен обвинител телото било однесено на обдукција, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.
– Синоќа во 22:15 часот во ОВР – Кавадарци, од Здружението за заштита на животни било пријавено дека на улица „Димката Ангелов – Габерот“ во Кавадарци има мртво куче со пена на устата. По насока на јавен обвинител, телото на кучето било подигнато од ветеринарен лекар и однесено во ветеринарна станица за вршење обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, соопштија од СВР – Велес.

