Црна хроника
Кривична за гостиварец, почнал да гради на државно земјиште во Маврово

Полицијата поднесе кривична пријава против жител на Гостивар за бесправно градење во Маврово.
Според информациите на МВР, поднесена е пријава против И.Д.(51) поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела узурпација на недвижности и бесправно градење.
Во мај 2021 година тој узурпирал државно земјиште во општина Маврово и Ростуше и поставил бетонски греди и столбови без одобрение за градба издаден од надлежен орган, со што пријавениот се стекнал со противправна имотна корист и го оштетил државниот буџет.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Го удрил кран: работник од Кина загина во фабрика во Кавадарци

Вчера во 12:10 часот во ОВР Кавадарци е пријавено дека Г.Х.(38) од Кина, додека извршувал работни задачи во фабрика во Кавадарци, бил удрен од кран и од здобиените повреди починал на местото.
Лекар од Итна медицинска помош Кавадарци констатирал смрт, а увид на местото извршил јавен обвинител во содејство со увидна екипа од ОВР Кавадарци.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.
Црна хроника
Загина 30-годишен работник во фабрика во Делчево

Вчера околу 11:00 часот во ОВР Делчево е пријавено дека во фабрика во Делчево, при извршување работни задачи, вработениот В.Р.(30) од Делчево паднал од висина од околу три метри и се здобил со тешки телесни повреди.
Од здобиените повреди, на пат кон Клиничка болница Штип, тој починал во возилото на Итна медицинска помош.
Увид извршила екипа на ОВР Делчево, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.
Црна хроника
Малолетничка истепала соученичка на улица во Струга

Во ОВР Струга вчера во 18:00 часот е пријавено дека на улица „Партизански одреди“ во Струга, малолетничка го нарушила јавниот ред и мир со физички напад врз соученичка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот, по што ќе следува соодветен поднесок, информираат надлежните.