Црна хроника
Кривична за директорот на ЈП „Пазари“ Битола: склучил договор за јавна набавка со фирма избришана од Централниот регистар
Одделот за криминалистичка полиција, по наредба од Основното јавно обвинителство Битола презема предистражни дејствија и во координација со СВР Битола поднесе кривична пријава против Б.К. од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавнa набавкa или јавно-приватно партнерство“ по член 275-в од Кривичниот законик и против В.А. од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“ по член 353-в од Кривичниот законик. Имено, првопријавениот Б.К., во својство на управител на правно лице од Битола, на 19.12.2019 со неизвршување на обврските од склучен договор за јавна набавка на стоки за проектирање, набавка и монтажа на фотоволтаични панели за производство на електрична енергија со ЈП „Пазари“ Битола нанел штета на претпријатието. Тој дал гаранција за поставените фотоволтаични панели во рок од 25 години, иако знаел и бил свесен дека во предвидениот рок од една година од основањето на друштвото не го внел основачкиот влог на своето друштво согласно чл.186 ст.5 од Законот за трговски друштва поради што истото согласно чл.552-а и чл.552-б од истиот закон било избришано од Централниот регистар. Исто така, Б.К. знаел дека не можел да гарантира за изведените работи, со што постапил спротивно на дадената изјава за сериозност на понудата.
Второпријавениот В.А., во својство на директор на ЈП „Пазари“ Битола со пропуштање на должен надзор во вршењето на своите овластувања и должности, не извршил надзор кој бил должен да го изврши над носителот на набавката дали е активен субјект или не, со што не постапил согласно одредбите од склучениот договор за јавна набавка и не го раскинал. Исто така, В.А. постапил спротивно на чл.101 ст.7 од Законот за јавни набавки и не објавил негативна референца на електронскиот систем на јавни набавки на Бирото за јавни набавки. На тој начин В.А. му овозможил на првопријавениот да се стекне со противправна имотна корист како право да не биде исклучен од идните постапки за јавни набавки во период од шест месеци од денот на евентуалното објавување на негативната референца, а воедно и по доставена фактура одобрил и извршил плаќање кон првопријавениот односно кон неговото правно лице во вкупен износ од 1 298 000 денари со што го оштетил буџетот на ЈП „Пазари“ Битола.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Нападнати малолетници на автобуска постојка во Скопје
Во СВР Скопје вчера било пријавено дека околу 14.00 часот на автобуската постојка на подрачјето на Центар во Скопје, неколку лица физички нападнале четири малолетници и им одзеле повеќе предмети.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Оштетиле инвентар во кафеана, запалиле возило кое на сила го одзеле, се заканувале на полицаец: уапсени неколку лица од Прилепско
Синоќа во 23.30 часот во с.Кривогаштани, полициски службеници од Полициското одделение Кривогаштани ги лишиле од слобода М.Ј.(33) од с.Крушеани, З.К.(35) од с.Кривогаштани, М.М.(55) од Прилеп и С.Л.(56) од Прилеп.
Тие се сомничат дека претходно во угостителски објект во с.Кривогаштани, сопственост на Б.Ѓ.(27) од с.Годивље, оштетиле дел од инвентарот, а подоцна запреле патничко возило „бмв” со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал Б.Ѓ, со употреба на сила му го одзеле, го однеле на ул.„Илинденска“ и го запалиле.
Пожарот бил локализиран од екипа на Територијалната противпожарна единица Кривогаштани, а повредени лица нема.
Во врска со настанот, на 21.05.2024 во 03.50 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на 20.05.2024 околу 23.30 часот М.М. и З.К. агресивно се однесувале кон командир на Полициското одделение Кривогаштани и му упатувале закани, додека тој извршувал службени дејства.
МВР соопшти дека по целосно расчистување и документирање на случајот, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави
Црна хроника
Измамена жена од Кочани: по телефон и барале пари, и кажале дека внукот направил сообраќајка и згазил мигрант
Вчера во ОВР Кочани, 75 – годишна жена од Кочани пријавила дека била измамена од едно лице.
Според пријавеното, лицето ѝ се јавило на телефон и ја довело во заблуда дека нејзиниот внук предизвикал сообраќајна несреќа во Германија и згазил лице – мигрант, а доколку сака да му помогне, треба да даде 60.000 евра.
Како што било пријавено, подоцна пред нејзината куќа дошло едно лице на кое му дала 251.400 денари.
За настанот е запознаен јавен обвинител и се работи на негово расчистување, соопштија надлежните.