Црна хроника
Кривична за дојранец кој нелегално изградил насип на езерото

Гевгелиската полиција поднесе кривична пријава против 59-годишник од Стар Дојран, поради сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.
Како што информираат од МВР, во текот на 2018 година, пријавениот без правен основ започнал со изградба во водите на Дојранското езеро, односно истиот изградил насип со камено–бетонски ѕид со намера да добие дополнителен простор во неговата парцела.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Прегазен 35-годишен тетовец

Вчера во 09.30 часот во СВР Тетово било пријавено дека на ул.„Благоја Тоска“ во Тетово, патничко возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.Ш.(49) од Тетово, удрило во пешакот Н.К.(35) од Тетово.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Клиничка болница Тетово.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.
Црна хроника
Управувал возило под дејство на алкохол и физички нападнал полицаец: приведен велешанец

Утрово во 00.35 часот на улица „Алексо Демниевски Бауман“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода А.Д.(26) од Велес.
Тој бил запрен од полициски службеници затоа што бил забележан како со голема брзина управувал патничко возило „нисан“ со велешки регистарски ознаки.
Притоа, тој одбил да му се изврши алкотестирање и почнал агресивно да се однесува кон полициските службеници и удирал по службеното полициско возило, а потоа и физички нападнал еден од полициските службеници.
А.Д. бил задржан во полициска станица и од извршените проверки било констатирано дека тој го управувал возилото без возачка дозвола и со 2,07 промили алкохол во крвта.
Известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе бидат поднесени пријави по член 297 А – „безобѕирно управување со моторно возило“ и член 383 од Кривичниот законик – „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“, како и за сторени прекршоци од Законот за безбедност на патниот сообраќај.
Црна хроника
(Видео/фото) Акциска контрола на Регионалниот центар за гранични работи Запад, пронајдени над 200 кубни метри бесправно исечено огревно дрво

Вчера, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Запад извршија засилени акциски контроли во шумскиот појас над неколку дебарски села, како и на поширокото подрачје на граничниот појас и зелената граница со Република Албанија.
Притоа, во близина на селото Дренок, пронајдени се две товарни моторни возила со вкупно 22 метри кубни огревно буково дрво, една работна машина за пробивање на шумски патишта и околу 200 метри кубни исечени букови дрва подготвени за товарање и транспорт без соодветна документација.
Во координација со јавен обвинител, Јавното претпријатие „Национални шуми“, Шумската полиција, како и надлежниот инспекторат, се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на настанот, по што ќе биде поднесена пријава за сторено кривично дело „пустошење на шуми“.