Црна хроника
Кривична за кичевчанка: ограбила сограѓанка среде улица
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против В.Л.(45) од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“.
„На 22.11.2022 во Кичево, пријавената физички ја нападнала М.С.(30) од Кичево и ѝ одзела пари“, велат од МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Ученик од шесто одделение паднал од третиот кат од прозорец во прилепско училиште
Ученик во шесто одделение се здобил со повреди при пад преку прозорец од третиот кат на училиштето „Гоце Делчев“ во Прилеп.
Ученикот е хоспитализитан на Клиниката за детска хирургија во Скопје и неговата состојба е стабилна.
Засега нема официјални информации како дошло до несреќата.
Црна хроника
Уапсен 25-годишник од Радовиш: се обидел да изврши тешка кражба во куќа
Синоќа во 22.20 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишиле од слобода Ј.Т.(25) од Радовиш поради сомнение дека околу 19.00 часот се обидел да изврши тешка кражба во куќа сопственост на Г.С.(77) од Радовиш.
Во службениот разговор Ј.Т. го признал делото.
Тој бил задржан во Полициската станица Радовиш, за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш и по негово целосно документирање против Ј.Т. ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Bo Охрид приведен бегалец од Идризово
Денес на улицата Пере Тошев во Охрид, приведен е Б.И. (35) од селото Горно Татеши, Струга, кој бил баран со централна потерница од затворот Идризово поради бегство, информира МВР.
„Б.И. е осуден за кривично дело „тешка кражба“ на казна затвор од осум години и седум месеци, а за доиздржување има пет години, седум месеци и осум денови“, велат од полицијата.
Лицето ќе биде предадено на надлежната казнено поправна установа.