Црна хроника
Кривична за прилепчанец кој земал 1.600 евра со лажно ветување дека ќе обезбеди визи за САД
Прилепската полиција поднесе кривична пријава против 38-годишниот Д.М. од Прилеп, поради сомнение дека сторил кривично дело „измама“.
Во февруари минатата година пријавениот остварил контакт со 62-годишниот Г.С. и му ветил дека може да му обезбеди визи за САД, за неговата ќерка и нејзиниот партнер.
Потоа, во неколку наврати Г.С. му дал 1.600 евра на 38-годишникот, но и по една година визите не им биле обезбедени, по што ги побарал парите назад.
Пријавениот не му ги вратил парите, а кога му се јавувал на телефон, почанaл да му упатува закани, по што случајот бил пријавен во полиција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Опожарено патничко возило во Батинци, нема повредени
Ноќеска околу 01:05 часот во село Батинци, скопско, било опожарено патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Б.Б. од Батинци.
Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а при инцидентот нема повредени лица. Извршен е увид, а надлежните преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Дете тепало дете во основно училиште во Драчево
Во СВР Скопје вчера (22.11.2025) во 21:40 часот, А.А. (43) од Скопје пријавил дека на 21.11.2025 околу 09:45 часот, во основно училиште во населбата Драчево неговиот малолетен син бил физички нападнат од соученик.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Сопругата го пријавила дека ја тепал, па потоа тој ја пријавил неа
Во СВР Скопје вчера (22.11.2025) во 13:00 часот, 35-годишна жена од Скопје пријавила дека во семејниот дом на подрачјето на Кисела Вода, по претходна расправија, била физички нападната од нејзиниот 45-годишен сопруг, кој ѝ го одзел и мобилниот телефон.
Подоцна, околу 20:30 часот, 45-годишниот маж од Скопје исто така пријавил дека бил физички нападнат од неговата сопруга, и тоа во истиот временски период – околу 13 часот.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

