Црна хроника
Кривична за скопјанец кој ја убил својата мајка
Скопската полиција поднесе кривична пријава до надлежното Основно јавно обвинителство против педесетгодишниот М.Г. поради сомнение дека сторил кривично дело „убиство“.
Како што информираат од МВР, на 19 месецов, додека пријавениот бил во семејниот дом, одлучил најпрвин да ѝ го одземе животот на својата мајка, К.Г.(77), а потоа да си го одземе и сопствениот живот. Додека неговата мајка била на креветот, М.Г. ѝ нанел една убодна рана во пределот на градниот кош и во текот на ноќта во неколку наврати се обидел да изврши самоубиство, но не успеал во намерите.
Педесетгодишникот и во наредните денови во повеќе наврати се обидувал да си го одземе животот, но не успеал, по што се откажал од намерата и одлучил да остане во неговиот дом. На 24 месецов во домот пристигнал братот на пријавениот, кој ја пронашол починатата мајка, а пријавениот му кажал дека тој ја убил. М.Г. бил лишен од слобода и по извршен разговор со него, го појаснил начинот на сторување на делото. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатата е предадено за обдукција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Починато машко лице пронајдено на автобуска постојка во Центар
Ноќеска во 00:05 часот во СВР Скопје, од Итна медицинска помош Скопје е пријавено дека на автобуска постојка на подрачјето на Центар е пронајдено починато машко лице без документација, наверојатно бездомник.
Лекар констатирал смрт, а по насоки на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.
Црна хроника
Му пукнала петарда во рака: тешко повреден 12-годишник во скопски Аеродром
Ноќеска во 23:26 часот во СВР Скопје, од Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесен 12-годишник од Скопје.
Според пријавеното, околу 23:00 часот во парк на подрачјето на општина Аеродором во Скопје, на малолетникот му пукнала петарда во рака, која ја тргнал со рака да не му падне на глава, а била фрлена од негов соученик.
Црна хроника
Пијан скопјанец паднал од трговски центар: со тешки повреди е пренесен во болница
Синоќа во 20:14 часот во СВР Скопје, од Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесен И.Д.(30) од Скопје.
Според пријавеното, тој под дејство на алкохол паднал од висина од трговски центар на подрачјето на Центар во Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

