Црна хроника
Кривична за цариник кој од српски државјанин украл 1 000 швајцарски франци
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против 47-годишен кумановец поради сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ во својство на цариник на царинската подружница „Табановце”.
Како што информираат од МВР, во вечерните часови на 31 мај годинава цариникот на „Табановце“ извршил преглед над 61-годишен Србин, кој пеш ја минувал границата.
Притоа, цариникот на српскиот државјанин му одзел два паричници (во едниот имало само српски динари, а во другиот само швајцарски франци) и без присуство на 61-годишникот или друг цариник извршил проверка на паричниците во службена просторија и од едниот одзел 1 000 швајцарски франци.
По тоа, кумановецот без присуство на друг цариник, во службената просторија извршил преглед на Србинот. Откако не утврдил неправилности, без изготвен записник, го ослободил српскиот државјанин да ја напушти земјава.
Кога пристигнал во Србија, 61-годишникот забележал дека му фалат 1 000 швајцарски франци. Повторно се вратил на граничниот премин Табановце и го известил цариникот дека му фалат пари. Сепак, цариникот од Куманово не го пријавил настанот, туку му наредил на Србинот да ја напушти земјата. Меѓутоа, на 20 јуни годинава 61-годишниот Србин го пријавил настанот во СВР Куманово.
По преземени мерки и по консултација со јавен обвинител против кумановскиот цариник била изготвена кривична пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Претрес во Мала Речица, пронајдена дрога
Вчера во 18.45 часот во Тетово, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Тетово го лишиле од слобода А.Т.(35) од с.Мала Речица, тетовско.
При претрес во домот кој го користи под наем, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени саксии со насади од растението канабис, шишиња со течност и други предмети поврзани со делото.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Петгодишно дете исчезна во Сарај, МВР го најде по два часа
Петгодишно девојче исчезнало денес околу 16.20 часот во паркот Сарај.
Како што објави МВР, веднаш презеле мерки, па околу 18.15 часот детето било пронјадено.
Претходно, од полицијата информираа дека се трага по девојче со руса долга коса, облечено во розово фустанче и розови чевли
Црна хроника
Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје
Вчера во СВР Скопје било пријавено дека кај Клиника за психијатрија при Комплексот клиники „Мајка Тереза“, при изведување на градежни работи – вршење на ископ, била пронајдена коска, најверојатно човечка, на место каде порано имало гробишта.
Излезено било на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје и известен бил јавен обвинител.