Топ
Кривична пријава за двајца контролори од Фондот за здравствено осигурување поради примање поткуп
СВР Скопје – Единица за економски криминал поднесе кривична пријава против С.З.(39) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело примање поткуп и против М.Г.(54) од Прилеп, со живеалиште во Скопје, поради постоење основи на сомнение за примање поткуп во врска со кривично дело помагање.
Пријавените, вработени како контролори во Фондот за здравствено осигурување – Подрачна единица Скопје, во периодот од 16 до 19 декември извршиле контрола во приватна здравствена установа и по констатираните пропусти во работата, првопријавената од сопственикот побарале парична награда – поткуп од 30.000 денари за нив двајцата и за уште едно лице – контролор за да не му биде изречена санкцијата.
Второпријавениот, по тоа, неколку пати телефонски разговарал со сопственикот на ординацијата и го договорил местото за примопредавање на паричните средства. Откако биле договорени деталите, на 23.12.2019 во ресторан на бул. Филип Втори Македонски оштетениот им ги дал побараните парични средства.Истиот ден лицата биле приведени, а при извршен преглед кај нив биле пронајдени паричните средства, соопшти МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Грабнале жена, ја тепале, па откако се онесвестила, ја силувале во напуштен објект во Струга
Две лица од дебарско се осомничени дека на 6 ноември околу 19 часот грабнале 30-годишна жена која потоа едниот од нив физички ја нападнал и ја силувал откако таа паднала во бесознание.
Кривичната пријава е поднесена против А.Л. (26) од дебарското село Џепиште кој се сомничи за грабнување и полов напад и силување и против 18-годишениот Е.В. од дебарското село Отишани кој се сомничи за грабнување.
Полицијата информира дека жената била грабната од нејзиниот двор со возило ауди кое го управувал Е.В. и однесена во напуштен објект во Струга.
Откако А.Л. ја силувал, го повикал Е.В. и со возилото ја однеле во Општата болница во Струга.
Двајцата сторители се пронајдени и против нив ќе следува кривична пријава.
Топ
Остатоци од човечко тело најдени во кавадаречко Сопот
Во ОВР – Кавадарци било пријавено дека во атар на кавадаречкото село Сопот биле пронајдени остатоци од човечко тело, информираа попладнево од Секторот за внатрешни работи – Велес.
Како што појаснија, случајот бил пријавен вчера во 16:40 часот.
-Увид на местото бил извршен од јавен обвинител во содејство со увидна екипа од ОВР – Кавадарци и по наредба на јавен обвинител, пронајдените остатоци се предадени за обдукција и ДНК анализа, појаснија од СВР – Велес.
Топ
Полицијата ги најде децата кои тепаа малолетник во Струмица и го снимаа за на Тик Ток
Случајот во кој четворица малолетници насилно се однесувале кон малолетник во Струмица, а потоа настанот го објавиле на социјалната мрежа Тик Ток, е расчистен и ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 06.11.2025 во полициската станица Струмица, 42-годишен маж од струмичко пријавил дека пред околу една недела неговиот малолетен син бил жртва на насилно однесување од страна на четири малолетни лица, кое било снимано и објавено на Тик Ток.
По пријавувањето, полициски службеници од СВР Струмица презеле мерки за расчистување на настанот. Инволвираните малолетници биле повикани во полициската станица, каде се извршени службени разговори во присуство на нивните родители.
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и Центарот за социјални работи Струмица биле запознаени со случајот. По целосно документирање, ќе биде поднесен соодветен поднесок по Закон за правда за децата.

