Црна хроника
Кривична пријава за жител на Трпејца, со лажен елаборат изградил куќа во Националниот парк „Галичица“
Полицијата поднесе кривична пријава против жител на Трпејца затоа што со фалсификат геодетски елаборат изградил куќа во месноста „Трпејчко кале“ што е во состав на Националниот парк „Галичица“.
Според информациите на МВР, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.Л.(76) од охридското село Трпејца, поради постоење основи на сомнение дека е сторител на казнените дела „бесправно градење“, „узурпација на недвижности” и „употреба на исправа со невевистинита содржина“, како и против В.К.(53) од Охрид поради сторено казнено дело „фалсификување или уништување деловни книги”.
Првопријавениот, во период од август-декември 2020 година, на катарстарска парцела во селото Трпејца, во месноста „Трпејчко кале“ што е во состав на Националниот парк „Галичица“, без да поседува одобрени за градба изградил индивидуален објект и како доказ употребил фалсификат геодетски елаборат, изработен од второпријавениот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Уапсен возач во Ресен, управувал возило со 2,79 промили алкохол во крвта
Вчера на ул. „Корчуланска” во Ресен, полициски службеници го лишија од слобода Б.Л.(45) од с. Царев Двор, ресенско.
При контрола во сообраќајот, од страна на полициските службеници било констатирано дека Б.Л. управувал возило „пежо“ под дејство на алкохол, односно измерени му биле 2,79 промили алкохол во крвта.
По документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од КЗ „безобѕирно управување со моторно возило”.
Црна хроника
Уапсени две лица во Пласница поради кражба на огревно дрво, следуваат соодветни пријави
Вчера во атар на село Преглово, општина Пласница, полициски службеници ги лишија од слобода А.М.(27) и М.М.(64) за кражба на дрво.
Полициските службеници затекнале патничко возило „опел” без регистарски ознаки, управувано од А.М., а сопатник бил М.М.(64), кое било натоварено со нежигосани огревни дрва, моторна пила и секири.
Дрвната маса е предадена на шумска полиција за понатамошно постапување, а против А.М. и М.М. ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Црна хроника
Нападната и ограбена жена на улица во Аеродром
Вчера во 21:00 часот во СВР Скопје, М.П.М.(50) од Штип пријави дека околу 17:30 часот на подрачјето на општина Аеродром, едно лице со употреба на физичка сила и ја одзело чантата со паричник, лични документи, мобилен телефон и други предмети.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

