Црна хроника
Кривична пријава за кавадарчанец, му се заканувал на татко му дека ќе го убие
СВР Велес поднесе кривична пријава против 38-годишен жител на Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „неизвршување на судска одлука” и кривични дела „телесна повреда”, „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста” и „загрозување на сигурноста”, информираа од полицијата.
„На 26.09.2018 година околу 6:30 часот во семејниот дом во Кавадарци пријавениот физички го нападнал својот 69-годишен татко. По ова, од Основен суд во Кавадарци за пријавениот било донесено судско решение за привремена мерка за заштита – отстранување од домот и забрана за приближување до домот“, велат од МВР и додаваат дека пријавениот веќе следниот ден се вратил во домот во 1:30 часот по полноќ и го нарушувал јавниот ред и мир.
По пристигнување на полициските службеници, 38-годишниот кавадарчанец се заканувал на полициските службеници, а физички нападнал и еден полициски службеник, посочуваат од полицијата.
Само неколку часа по инцидентот, од МВР велат дека лицето повторно се вратило во својот дом, ја скршил врата и влегол внатре, а во меѓувреме во два наврати телефонски упатувал закани по животот на неговиот татко.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Мајка од Велес ги оставила петте малолетни деца сами и заминала за Скопје
Полициски службеници од полициската станица „Ѓорче Петров“ синоќа во 2:05 часот по полноќ лишиле од слобода 36-годишна велешанка. Претходно во СВР Велес било пријавено дека таа во домот ги оставила нејзините пет малолетни деца и заминала во Скопје.
Како што денеска информираат од СВР Велес, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Приведен 21-годишен охриѓанец, нападнал полицаец
Вчера во 00:10 часот, во угостителски објект лоциран на улицата „Св. Климент Охридски“ во Охрид, приведен е лице на (21) од Охрид, кој претходно бил агресивен кон полициските службеници кои преземале службени дејствија.
По целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Угинато куче со пена на уста најдено на улица во Кавадарци, ќе постапува обвинител
Угинато куче било пронајдено доцна синоќа на улица во Кавадарци, по насока на јавен обвинител телото било однесено на обдукција, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.
– Синоќа во 22:15 часот во ОВР – Кавадарци, од Здружението за заштита на животни било пријавено дека на улица „Димката Ангелов – Габерот“ во Кавадарци има мртво куче со пена на устата. По насока на јавен обвинител, телото на кучето било подигнато од ветеринарен лекар и однесено во ветеринарна станица за вршење обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, соопштија од СВР – Велес.

