Црна хроника
Кривична пријава за крадецот од Свети Николе, кој провали на Земјоделскиот факултет
Полицијата поднесе кривична пријава до Обвинителството против 24-годишникот од Свети Николе за кој минатата недела полицијата информира дека се сомничи за една тешка кражби на дрзок начин и една во обид.
Станува збор за лице со иницијали А. И., кое кривичните дела ги извршило на 11 февруари.
„Делата се извршени од 21.25 до 21.40 часот. Тој на улицата Трифун Хаџи Јанев одзел чанта со пари и лични предмети од оштетено женско лице, а на улицата Архимедова, со употреба на физичка сила, влегол во амфитетарот на Факултетот за земјоделски науки и храна, каде што извршил пребарување, но не одзел предмети“, велат од полицијата.
Истиот ден, околу 22 часот, тој бил приведен и задржан во просториите на полициската станица, каде што го појаснил извршувањето на кривичните дела, а предметите пронајдени кај него ѝ се вратени на оштетената.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Го претепал и го избркал од дома малолетниот син: кривична пријава за кумановец
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ч.С.(49) од Куманово.
Според полицијата тој се сомничи за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“.
Имено на 29.12.2025 во Куманово, пријавениот физички го нападнал неговиот малолетен син и го избркал од дома.
Црна хроника
Крадел во продавница, па ја нападнал вработената која се обидела да го спречи
Синоќа во 21:00 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од ЕВР Гази Баба при СВР Скопје го лишија од слобода З.К.(37) од струшко, со привремен престој во Скопје.
Тој околу 18:00 часот во продажен објект во Скопје, откако одзел производи, физички ја нападнал вработената која се обидела да го спречи.
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Разбојништво на автобуска постојка: ограбена скопјанка
Денеска (29.01.2026) во 08:30 часот во СВР Скопје, З.Р.(65) од Скопје пријави дека околу 07:10 часот на автобуска постојка на подрачјето на Центар, едно лице со употреба на физичка сила и одзело личен накит. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

