Црна хроника
Кривична пријава за скопјанец поради убиство
Секторот за внатрешни работи Скопје со кривична пријава до надлежното Основно јавно обвинителство – Скопје го предаде лицето К.А.(40) од Скопје, поради кривично дело „убиство“.
„Пријавениот кривичното дело го извршил на 18 минатиот месец, околу 20:45 часот на улица ‘2’ во село Студеничани, Скопско, каде со употреба на огнено оружје пиштол марка ТТ, калибар 7,62, испукал повеќе проектили кон лицето Е.Ш.(28) од село Мралино, Скопско, по што со свое возило го напуштил местото на настанот. Е.Ш кој поради здобиените повреди веднаш бил пренесен во комплексот клиники ‘Мајка Тереза’, наредниот ден на (19.06.) од задобиените огнострелни рани починал“ соопшти МВР.
Инаку, според документираните сознанија од истрагата, на кривичното дело му претходеле расправи и физичка пресметка што во претходните неколку дена пред настанот се случиле помеѓу пријавениот и починатиот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Сообраќајна несреќа меѓу три возила во Скопје: повредени четири лица
Вчера во 15.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од бул.„Босна и Херцеговина“ со ул.„Александар Урдаревски“ и ул.„Ќемал Сејфула“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел мерива“, управувано од Ш.С.(38) од с.Брест, скопско, патничко возило „фиат 500“, управувано од М.Ц.(25) од с.Кучевиште, скопско и патничко возило „фолксваген туран“, управувано од З.З.(66) од Скопје, трите со скопски регистарски ознаки.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од возилото „опел мерива“, Б.М.(31) од Скопје, а со телесни повреди се здобиле тројцата возачи, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ и Градската општа болница „8 Септември“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Со мопед удрил во метален столб на „Партизанска“: две лица тешко повредени
Денеска во 04.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Партизански одреди“ во Скопје, мопед „хамачи“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Д.М.(37) од Скопје, удрил во метален столб.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и сопатникот Џ.А.(36) од Скопје, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
„Ауди“ удри во мопед во Битола: тешко повреден 65-годишен маж
Во СВР Битола, вчера во 11.30 часот било пријавено дека на ул.„Борис Буџевски“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со битолски регистарски ознаки, управувано од С.Н.(69) од Битола и мопед управуван од Б.С.(65) од Битола.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Клиничката болница Битола.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.