Црна хроника
Кривична пријава против двајца полицајци – тепале осуденик во затворот во Струмица
СВР Струмица поднесе кривична пријава против полициските службеници П. П. (31) од с. Василево и А. М. (25) од Струмица поради кривично дело малтретирање во вршење на службата, казниво по член 143 од Кривичниот законик.
Тие, на 1.12.2020, постапувајќи по наредба за вршење служба, околу 9.45 часот, додека биле во КПУ „Затвор Струмица“, со цел да извршат достава на пресуда од Основниот суд Скопје 1 на осуденикот Ј. А. од Струмица, постапиле несовесно за време на вршење на службата.
Според МВР, кога Ј. А. почнал непристојно да се однесува кон нив, тие физички го нападнале во присуство на вработени од затворот. Веднаш по пријавување на настанот, полициски службеници од СВР Струмица, во содејство со полициски службеници од Одделот за внатрешна контрола, презеле мерки за целосно расчистување на настанот, соопшти полицијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Дете нападнато од врсници во Карпош, едниот снимал со телефон
Вчера во 18:30 часот во СВР Скопје, Ј.Ц.А. (45) од Скопје пријавила дека околу 14:45 часот на подрачјето на Карпош, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од двајца малолетници кои ги познавале, информираат од МВР.
Според пријавата, едниот од напаѓачите го снимал настанот со мобилен телефон.
Од полицијата соопштуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Приведен 15-годишен кумановец поради кражба на автомобил и приватни имоти
На 23 февруари 2026 година во 11:10 часот, полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода 15-годишник од Куманово, информираат од МВР.
Според полицијата, тој одзел паркирано патничко моторно возило „форд ескорт“, сопственост на Р.Ј. (25) од Куманово. Дополнително, се сомничи дека влегол во два приватни имоти и одзел повеќе предмети.
Малолетникот бил приведен во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Фото: илустрација
Црна хроника
14-годишно дете возејќи автомобил во Дебреште удрило во бетонски столб, повреден е и неговиот малолетен сопатник
Синоќа во полицијата било пријавено дека во село Дебреште, општина Долнени, патничко возило „опел“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 14-годишен малолетник од селото, удрило во бетонски столб, соопшти МВР.
Во несреќата, 14-годишен сопатник од Дебреште се здобил со тешки телесни повреди, додека возачот и 16-годишен сопатник се здобиле со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница Прилеп.
Увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Прилеп.

