Црна хроника
Измамен скопјанец – му побарале лична карта за да му купат лекови, па извадиле брз кредит на негово име

Полицијата поднесе кривична пријава против двајца скопјани А. Б. (46) и З. З. (56), кои со измама извадиле брз кредит на име на друго лице, без негова согласност.
„Првопријавениот А. Б., на 20.8.2021 побарал лична карта и здравствена легитимација од оштетениот М. Б. со изговор дека му требаат за купување лекови и, по претходен договор, ги дал на второпријавениот З. З., кој бил надворешен соработник во финансиско друштво од Скопје, со цел добивање брз кредит од финансиското друштво, при што второпријавениот З. З. поднел апликација и добил кредит на име на оштетениот М. Б., без негово знаење и согласност“, соопшти МВР.
Измамниците се гонат за кривични дела злоупотреба на лични податоци и измама при добивање кредит и друга погодност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Штитеници во установа за згрижување деца имале сексуален однос пред 12-годишно дете

Вчера во 16:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека во август 2025 година во соба во установа за згрижување на деца, 16-годишен штитеник и 15-годишна штитеничка на установата имале сексуален односи.
Според информациите од МВР, тие имале односи пред 12-годишен штитеник на установата, по што 16-годишникот му се заканил на 12-годишникот да не кажува никому.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Ограбен автомобил на паркинг во Центар

Синоќа во 00:32 часот во СВР Скопје е пријавено дека е ограбен автомобил на паркинг простор на подрачјето на Центар во Скопје.
Според информациите на МВР, од патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице, одземена е актовка со пари, документи, печати и други предмети.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото: илустрација
Црна хроника
Инцидент во Карпош: Му ги дупнала гумите на возилото на партнерот, а потоа и физички го нападнала

Маж од тетовско пријавил во полиција дека неговата партнерка му ги дупнала гумите на возилото, а потоа и физички го нападнала.
Доцна синоќа, во 03:20 часот во СВР Скопје, 44-годишен маж од тетовско пријави дека претходно околу 19:00 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, неговата партнерка со нејзиното возило удрила во неговото возило, а потоа со остар предмет му ги оштетила гумите на возилото и физички го нападнала.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.