Црна хроника
Кривична пријава против две лица од Скопје за давање поткуп на вработена во Одделението за урбанизам
Денеска, ОВР Кавадарци поднесе кривична пријава против Б. С. (34) и Ј. С. (60), двајцата од Скопје, поради постоење основано сомнение дека извршиле кривично дело давање поткуп, предвиден и казнив по член 358 став 1 од Кривичниот законик.
Двете лица кривичното дело го сториле денес околу 9.30 часот во општина Кавадарци, при што на вработена во Одделението за урбанизам ѝ дале поткуп во износ од 500 евра во апоени од 100 евра со цел да не изврши службено дејство што морала да го изврши – надзор врз градежни работи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Затвореници претепале друг осуденик во затворот Идризово
Вчера во 10.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Казнено – поправната установа Затвор Идризово, осуденикот А.Б.(35) од Скопје бил физички нападнат од осудениците З.Р. и К.Л..
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец претепан од својот внук
Вчера во 22.45 часот во СВР Скопје, 49 – годишен жител на скопско село пријавил дека околу 22.00 часот во неговиот дом, по претходна расправија, бил физички нападнат од неговиот малолетен внук од Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Во Центар пронајден починат маж, телото предадено на обдукција
Вчера во 13.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во домот на подрачјето на Центар во Скопје бил пронајден починат В.М.(65) од Скопје.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.