Црна хроника
Кривична пријава против две лица поради нелегална сеча на 490 стебла даб

Двајца мажи од село Елевци, Центар Жупа, без одобрение на надлежен орган, минатиот месец во атарот на селото Елевци извршиле сеча на околу 490 стебла дабови дрвја, по што истите ги продале.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар поднесе кривична пријава против А.У.(30) и О.У.(26), за сторени кривични дела „пустошење на шума“ и „кражба од парцели кои се во сопственост на Република Македонија“.
Двајцата се стекнале со противправна имотна корист од околу 237.500 денари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Управувал мопед со 2,14 промила алкохол во крвта: уапсен гостиварец

Вчера во 14.58 часот на ул.„Живко Брајковски“ во Гостивар, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Гостивар го лишиле од слобода Е.С.(68) од Гостивар.
Тој управувајќи мопед изгубил контрола и паднал на коловозот, а при извршениот увид утврдено е дека бил под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,14 промили алкохол во крвта.
Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297 А од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
Црна хроника
Ја претепал сопругата во ноќен клуб: уапсен охриѓанец

Утрово во 09.15 часот, од слобода е лишен С.Г.(35) од Охрид.
Тој на 30.06.2025 година во 22.10 часот, во ноќен клуб во Охрид, физички ја нападнал неговата сопруга.
Полицијата соопшти дека против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Мотоциклист усмрти пешак во Скопје

Седумдесет и двегодишен пешак загина во сообраќајна несреќа во Скопје. Во него удрил мотоциклист кој е уапсен.
Според информациите на МВР, вчера околу 13.45 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Шар планина“ во Скопје мотоцикл „бмв“ со бугарски национални ознаки, управуван од М.О.(22) од Скопје, удрил во пешакот К.Г.(72) од Скопје.
Во несреќата на местото на настанот починал пешакот, а од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт.
Извршен бил увид, а по наредба на јавен обвинител возачот е приведен и задржан во полициска станица за понатамошна постапка.
По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.