Црна хроника
Кривична пријава против ексдиректорот на ЈП „Градски гробишта“ Охрид поради злоупотреба на службената положба
Секторот за внатрешни работи од Охрид поднесе кривична пријава против 45-годишен поранешен директор на ЈП „Градски гробишта“ Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено продолжено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.
„Пријавениот, како директор во Јавното претпријатие ‘Градски гробишта’ Охрид, во периодот од декември 2013 до ноември 2017 година во врска со договор за јавна набавка на резервни делови за службени возила и нивно одржување од фирма од Охрид, во повеќе наврати исплатил парични средства над дозволениот лимит во износ од 76 843 денари, со што предизвикал штета на јавното претпријатие“, посочуваат од полицијата.
Покрај тоа од МВР додаваат дека друго лице со несоодветно образование, спротивно со правилникот за систематизација, обвинетиот го распоредил на повисоко работно место, со што го оштетил јавното претпријатие за 39 501 денари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Украдено црквено sвоно од бронза од црквата „Св. Спас“ во с. Орман
Во СВР Скопје вчера во 08:45 часот Љ.Д.(64) од с.Орман, скопско, пријавил дека на 01/02.12.2025 било одземено црквено sвоно од бронза од црквата „Св.Спас“ во с.Орман.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Со повреди и опекотини по телото двегодишно дете задржано во штипската болница: повредите ги забележала тетка му
Синоќа во 19:11 часот во СВР Штип, Ј.Д.(28) од Штип пријавила дека на нејзиното двегодишно внуче од брат забележала повреди и опекотини на телото.
Детето било задржано на Детското одделение во Клиничка болница Штип за укажување лекарска помош.
За настанот е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат надлежните.
Црна хроника
Со багер ископал коски, кои личеле на човечки, во кругот на студенстки дом во Скопје
Вчера во 12:03 часот во СВР Скопје, Г.Ј.(39) од Пехчево пријавил дека при извршување работни задачи – ископ со работна машина багер, во близина на стари гробишта во кругот на Студентски дом „Стив Наумов“, на подрачјето на Гази Баба, пронашол коски кои наликувале на човечки.
Полицијата соопшти дека по насоки на јавен обвинител коските биле предадени на вештачење.

