Црна хроника
Кривична пријава против скопјанец поради грабеж на аптека

Кривична пријава против Д.М.(40) од Скопје поради основано сомнение дека извршил кривично дело разбојништво, кое го извршил на 9-ти овој месец во 19,20 часот, во аптека лоцирана на улица “Маџари“ во скопската населба Ченто.
Тој влегол во аптеката, дошол до работниот пулт и со закана со пиштол кон вработената ги одзел парите од касата, стекнувајќи се со противправна имотна корист од 18.900 денари.
По преземени мерки и активности и со издадена наредба, извршен е претрес во домот на Д.М., при што е пронајдена облеката која пријавениот ја носел при извршување на кривичното дело и Д.М. е приведен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.