Црна хроника
Кривична пријава против скопјанец поради сомнение за фалсификување пари
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2019/06/17_5_-500-euro-seteli-kädet-raha-52568183.jpg)
Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против 29-годишниот Б. Н. од Скопје поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело фалсификување пари, извести МВР.
Имено, пријавениот прибавил една фалсификувана банкнота од 500 евра, која на 9.9.2022 ја употребил како вистинска, пуштајќи ја во оптек во казино на подрачјето на Кисела Вода, додаваат од МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Црна хроника
Нормализиран сообраќајот на патот Битола-Прилеп по сообраќајната несреќа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/12/soobrakjajka.jpg)
Од 19:35 часот сообраќајот на магистралниот пат Битола-Прилеп е нормализиран по сообраќајната несреќа, информира АМСМ.
Несреќата беше пријавена во 15 часот и 48 минути во близина на ѓубриштето, а сообраќајот се пренасочуваше по стариот пат.
Засега нема информации за состојбата на учесниците во несреќата.
Црна хроника
Масовна тепачка пред маркет во Брвеница, шестмина уапсени
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/tepacka.jpg)
Вчера во 18.45 часот во Тетово, на патот за тетовска Брвеница, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода С.А.(49) и С.Л.(19) од тетовска Мала Речица, Г.Ц.(52) од Тетово и М.А.(28) и Ф.М.(44), двајцата од Република Косово, а во 19.40 часот во Клиничка болница Тетово и С.Р.(29) од Мала Речица, кои околу 18.30 часот пред маркет на улица „Брвенечка кривина“, по вербална расправија, започнале физичка пресметка во која користеле и тврди предмети, извести МВР.
„Според пријавеното, во текот на пресметката било оштетено и патничко возило „БМВ“ со косовски национални ознаки, управувано од 44-годишната Ф.М.“, соопшти МВР.
Тие се задржани во полициска станица за понатамошна постапка и против сите инволвирани лица ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Се преврте кајак во Охридското езеро, двајца малолетници спасени со полициски чамец
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/08/ohridsko-ezero-meteo.jpg)
Денеска во 09.30 часот во Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“ пријавено е дека во водите на Охридското Езеро, на плажата „Бафало бич“, се превртел кајак, сопственост на кајак клуб од Охрид во кој имало две малолетни лица, извести СВР Охрид.
По добиената пријава, полициски службеници од Езерската полиција со пловен објект се упатија на посоченото место и во водите на езерото, на околу 100 метри од плажата, забележани се двете малолетни лица кои на себе имаа појаси за спасување. Тие со полицискиот чамец се префрлени во полициската станица, каде им е укажана прва помош, соопшти СВР Охрид.