Црна хроника
Кривична пријава против тројца дилери на дрога од Тетово, определен притвор
Кривична пријава против С.С.(29), Н.С.(31) и М.А.(37), сите од Тетово, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, по член 215 ст.3 од Кривичниот законик, при што запленети се 25 полиетиленски пакувања кокаин, како и едно пакување марихуана, а трите лица се лишени од слобода.
Во периодот од месец декември 2021 до месец март 2022 трите лица со цел стекнување на противправна имотна корист извршиле набавка на кокаин со потекло од Јужна Америка, која потоа во угостителски објект лоциран во Тетово, управуван од страна на второпријавениот Н.С., ја препакувале во помали количини, во зависност од нарачката и ја препродавале.
На 19.3.2022 врз основа на наредба од Судија на претходна постапка при Основен суд Тетово, од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал – Единица за недозволена трговија со дрога во координација со Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Тетово, извршен е претрес во угостителски објект на ул. Видео Смилески Бато, управуван од Н.С., каде повремено престојувале и С.С. и М.А., во помошен објект адаптиран за одгледување кучиња, во непосредна близина на угостителскиот објект, личен претрес над лицата, како и претрес на едно патничко возило и два мотоцикли, при што пронајдени се и одземени 25 полиетиленски пакувања со кокаин, едно пакување со марихуана, мобилни телефони и пари.
Лицата се приведени во полициска станица и од страна на судија на претходна постапка им е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Дете нападнато од врсници во Карпош, едниот снимал со телефон
Вчера во 18:30 часот во СВР Скопје, Ј.Ц.А. (45) од Скопје пријавила дека околу 14:45 часот на подрачјето на Карпош, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од двајца малолетници кои ги познавале, информираат од МВР.
Според пријавата, едниот од напаѓачите го снимал настанот со мобилен телефон.
Од полицијата соопштуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Приведен 15-годишен кумановец поради кражба на автомобил и приватни имоти
На 23 февруари 2026 година во 11:10 часот, полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода 15-годишник од Куманово, информираат од МВР.
Според полицијата, тој одзел паркирано патничко моторно возило „форд ескорт“, сопственост на Р.Ј. (25) од Куманово. Дополнително, се сомничи дека влегол во два приватни имоти и одзел повеќе предмети.
Малолетникот бил приведен во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Фото: илустрација
Црна хроника
14-годишно дете возејќи автомобил во Дебреште удрило во бетонски столб, повреден е и неговиот малолетен сопатник
Синоќа во полицијата било пријавено дека во село Дебреште, општина Долнени, патничко возило „опел“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 14-годишен малолетник од селото, удрило во бетонски столб, соопшти МВР.
Во несреќата, 14-годишен сопатник од Дебреште се здобил со тешки телесни повреди, додека возачот и 16-годишен сопатник се здобиле со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница Прилеп.
Увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Прилеп.

