Црна хроника
Кривична пријава против тројца скопјани кои опожариле автомобили

Полициски службеници од СВР Скопје вчера ги лишиле од слобода А. Ј., С. Б. и С. Ј., сите од Скопје.
Како што информираат од МВР, по преземените мерки и активности, утврдено е дека тие на 9 март годинава во Скопје со запалива течност предизвикале пожар во патничко возило „ауди Q5“, од кој биле зафатени три други возила – „фолксваген пасат“, „нисан“ и „даеву матиз“.
До Основното јавно обвинителство Скопје против нив е поднесена кривична пријава поради сомнение за сторено кривично дело тешки дела против општата сигурност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Приведени тројца крадци од Прилеп: украдениот накит и другите предмети вратени на сопствениците

Вчера во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода Е.В.(27), Е.В.(47) и Г.Г.(30), сите од Прилеп.
При претреси во нивните домови, извршени со наредба од Основен суд Прилеп, биле пронајдени накит и други предмети кои потекнуваат од кривични дела „тешка кражба“, извршени во куќи во Прилеп.
Предметите биле вратени на сопствениците, а лицата биле приведени во полициска станица. По целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Црна хроника
(Фото) Пронајден амфетамин во Гевгелија, поднесена кривични пријави

СВР Струмица – ОВР Гевгелија, до Основното јавно обвинителство Гевгелија, поднесе кривична пријава против 24-годишниот Б.Г. и 25-годишниот А.М. од Скопје, поради постоење на сомнение дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ по член 215 од Кривичниот законик и против 27-годишната А.А. од Скопје поради постоење на сомнение дека сторила кривично дело „непријавување кривично дело или сторител“ по член 364 од Кривичниот закон.
На 17.03.2025 на наплатна рампа Гевгелија, при преземање мерки, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Гевгелија запреле патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Г., а сопатници биле А.М. и А.А.. Додека, врз основа на судска наредба, бил извршен претрес над возилото, при што во внатрешноста на предниот дел биле пронајдени три пакувања со амфетамин со вкупна тежина од околу 1,5 килограми.
Лицата биле изведени пред судија од Основен суд Гевгелија, кој на Б.Г. и А.М. им определил мерка притвор.
Црна хроника
Приведен сопственик на ноќен клуб од Куманово, пронајдени пиротехнички средства

По преземените мерки и активности, а во рамките на најавените контроли во ноќните клубови и кабареата, полициски службеници од СВР Куманово го затекнале Т. В. (58) од Куманово, сопственик на кабаре од Куманово, како од неговото паркирано возило пред кабарето изнесува противпожарни апарати и ги внесува во клубот.
Веднаш потоа полициски службеници од СВР Куманово извршиле контрола во објектот и биле пронајдени и одземени пиротехнички средства. Лицето било лишено од слобода и во полициска станица, во присуство на адвокат, со него бил извршен службен разговор, а од инспектор за заштита и спасување издадени се прекршочни платни налози и издадено е решение за забрана за работа до отстранување на неправилностите.
За настанот бил известен јавен обвинител.