Црна хроника
Приведени двајца шверцери на мигранти од Скопско
Денеска, околу 8 часот, во близина на наплатната станица кај Демир Капија, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Михајлово“ ги лишиле од слобода Б. И. (22) од с. Стајковци, Скопско и И. Ш. (24) од с. Студеничани, Скопско.
При преглед во возило „ауди“, со српски национални ознаки, кое го управувал Б. И., а совозач бил И. Ш., биле пронајдени 10 лица илегални мигранти (пет од Сирија, три од Сомалија и двајца од Пакистан).
Околу 6.30 часот кај наплатната станица кај Демир Капија лицата не застанале на знакот за запирање, но по преземените мерки возилото било запрено и двете лица се дале во бегство, но набргу потоа по пребарување на теренот биле пронајдени и лишени од слобода. Возачот, совозачот и мигрантите биле однесени во Полициската станица Неготино за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.