Црна хроника
Кривична пријава против четири лица од Прилеп поради физички напад

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп поднесе кривична пријава против 25-годишниот Џ.М., 53-годишниот С.М., 28-гоидшниот Д.М. и против 29-годишниот Т.М., сите од Прилеп поради основи на сомнение дека пред два дена во попладневните часови на улица Тризла во Прилеп физички нападнале три лица.
Според податоците на полицијата нападнати биле 39-годишниот С.Б., неговиот брат 41-годишниот С.Б. и нивни братучед.
Поради нападот лицата се здобиле со тешки телесни повреди.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Пронајдени ловечки пушки при контрола на возило управувано од маж од Кавадарци

Вчера во 12.35 часот во атар на село Мајден, кавадаречко, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово извршиле контрола на патничко возило „нисан терано“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од А.К.(45) од Кавадарци, а сопатник бил Ј.Б.(66) од Кавадарци.
Притоа, во возилото биле пронајдени и одземени две ловечки пушки: „IJ58M“ калибар 16мм со шест патрони и ловечка пушка „Baikal“ калибар со четири патрони.
За настанот бил известен јавен обвинител и по негово целосно документирање, против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
18-годишна девојка се оддалечила од својот дом во Скопје, случајот го пријавил таткото

Вчера во 07.30 часот во Полициската станица Бит Пазар, 41-годишниот Р.Б. од Скопје пријавил дека од семејниот дом се оддалечила неговата ќерка, 18-годишната А.Р. од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Уапсен 62-годишен штипјанец: ја истепал снаата

Вчера во 22.50 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода 62-годишниот З.Н. од Штип, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал својата 30-годишна снаа.
По документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.