Црна хроника
Кривична против ексдиректор на основно училиште од Крива Паланка
Надворешната канцеларија за криминалитички работи Крива Паланка, до Основното јавно обвинителство Крива Паланка, поднесе кривична пријава против М. М. (69) од Крива Паланка и С. Р. (62) од Крива Паланка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластувањето, како и против П. В.(68) од Крива Паланка и неговата приватна фирма поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело бесправно градење.
Во периодот од 2011 до 2016 година, М. М., директор на СОУ „Ѓорче Петров“ од Крива Паланка, без да обезбеди одобрение за градба, согласност и потребна техничка документација од Општина Крива Паланка, склучил повеќе договори за изведување градежни работи во СОУ„Ѓорче Петров“ со избраниот најповолен понудувач, приватната фирма, сопственост на пријавениот П. В. Управителот П. В. како изведувач склучил договори за вршење стручен надзор со С. Р., управител на приватна фирма за проектирање и инженеринг. На тој начин М. М. на П. В., на неговата фирма и на С. Р. им овозможил да стекнат противправна имотна корист на штета на буџетот на Република Северна Македонија во вкупен износ од 10.372.580 денари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.